21 Септември, 2024
0.0299

ВО ДЕБАР БОЛНИТЕ ОД КОВИД ГИ ЛЕКУВААТ ВО ДНЕВНА БОЛНИЦА: Неделава Интерното одделение се пренаменува во ковид-центар за хоспитализација

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Заразените пациенти од корона вирусот во Дебар, засега се уште ги третираат само во дневната болница, бидејќи таму до сега не се правеа хоспитализации, иако дел од нив се со средно тешка клиничка слика, вели за Фактор, интернистот, д-р. Драган Клопчевски.

-Потешките пациенти на кои им е потребна итна хоспитализација ги трансферираме со наши амбулантни возила во ковид-центрите во Скопје. И покрај тоа што веќе одделенијата се веќе преполнети, сепак наидуваме на разбирање и успеваме да ги хоспитализираме. Но, тоа е веќе максимумот кој може да го издржат болничките капацитети во Скопје, заради што од оваа недела Интерното одделение во Дебар ќе биде пренаменето во ковид-центар и тука ќе можеме да хоспитализираме 20 пациенти токму од Дебар, вели д-р. Клопчевски.

Истовремено нагласува дека оние кои се со средно тешка клиничка слика добиваат терапија во дневната болница болница во рамки на Општата болница во Дебар, а станува збор за третман со инфузија и оксигенска терапија.

-Секојдневно доаѓаат болни пациенти и во ниту еден момент не сме ги оставиле без терапија. Но има најмалку двајца кои мораме да ги донесеме во скопје, зошто нивната здравствена состојба бара исклучиво болничко лекување. Очекуваме интерното одделение да биде целосно готово за неколку дена. Располагаме и со кадар, имаме четворица лекари интернисти и инфектолог, како и медицински сестри. Се надевам ќе одговориме на предизвикот и во налетот на нови пациенти, потенцира Клопчевски.

За состојбата во Дебар нагласува дека луѓето сега посериозно ја сфаќаат сериозноста со корона вирусот, но како што вели, Ковид е насекаде распространет, па токму затоа и инфекциите се чести. Неговиот апел, како и на сите здравствени работници е доколку немаат потреба граѓаните да не излегуваат од дома, а ако е тоа неопходно максимално да се почитуваат мерките за заштита.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“