04 Октомври, 2024
0.0316

Во јули на македонската берза се истргувани 2 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Тргувањето на берзата во јули бележи пад за 72,6 % во однос на јуни кога на берзата се свртеле 7,1 милиони евра.

Најголем дел од прометот во јули е направен во класичното тргување, а многу помал дел во блок трансакциите и јавните берзански аукции. Односно,  во класичното тргување се направени 902 трансакции, потоа имало 2 блок трансакции и 5 јавни берзански аукции.

Податоците покажуваат дека во јули годинава просечниот дневен промет во класичното тргување  изнесувал 85 илјади евра, а додека во јуни просечниот дневен промет во класичното тргување изнесувал 305 илјади евра.

Најтргувани акции

Најтргувани акции на Македонската берза во јули се акциите на Алкалоид, Комерцијална банка, Тутунска банка, Макпетрол и Реплек.

На врвот на листата најтргувани акции е акцијата на Алкалоид, со која во јули е направен проемт од 366.361 евра, што е 30,8% од прометот. При тоа направени се 172 трансакции а просечната цена на акцијата на Алкалоид изнесувала 4.786 денари.

Следна на листата најтргувани акции е акцијата на Комерцијална банка. Со оваа акција е направен промет од 278.758 евра што е 23,4% од прометот на берзата. Во 128 транскции продадени се 9.552 акции. Просечната цена на акцијата на Комерцијална банка изнесувала 1.783 денари.

Со акцијата на Тутунска банка во 44 трансакции направен е промет од 129,993 евра. Тоа е 10,9% од вкупниот промет. При тоа продадени се 1.457 акции, а просечната цена на акцијата изнесувала 5.482 денари.

Со акцијата на Макпетрол напрвен е промет од 100.816 евра, што е 8,49% од прометот. Во 71 трансакција продадени се 336 акции на нафтената компанија. Просечната цена на акцијата на Макептрол изнесувала 18.507 денари.

Акцијата на Реплек, е петтата најтргувана акција јули годинава. Со оваа акција на берзата е направен промет од 74.834 евра, што е 6,3% од прометот. Во 25 трансакции продадени се 91 акција,  просечната цена по акцијата е 50.785 денари.

Акции со најголем раст/пад

Во јули најголем раст на цената има акцијата на Тетекс Тетово. Од 615 денари на крајот на јуни, акцијата на крајот на јули имала цена од 655 денари што е раст за 6,5%. Следна на листата е акцијата на Универзална Инвестициона банка, чија акција од 581 денари на крајот на јуни, на крајот на јули имала цена од 610 денари, што е зголемување за 5,1%. Трета акција со најголем раст, кој изнесува 4,4% е на Топлификација. Акцијата на оваа компанија на на крајот на јуни изнесувала 651 денари, а на крајот на јули 680 денари.

Најголем пад има акцијата на  Арцелормиттал Скопје , односно од  19 денари на крајоот на јуни, стигнала на 15 денари на крајот на јули годинава што е пад за 21% .

Потоа акцијата на РЖ Услуги има пад од 18%, односно од 80 денари на крајот на јуни стигнала до 65 денари на крајот на јули годинава.

И трета акција со најголем пад е акцијата на  РЖ Техничка контрола. Вредноста на оваа акција за еден месец е намалена за 12,2% за еден месец, односно од  400 денари на крајот на јуни, на крајот на јули изнесувала 351 денари.

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија