„ВО МАКЕДОНИЈА Е ПРАЗНИК, СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ КОН ГРЦИЈА“: На социјалните мрежи ги предупредуваат Србите кои ќе патуваат во Грција
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2024
Споениот викенд ги активираше „алармите“ на социјалните мрежи, па во групите посветени за патувања во Грција, уште вчера беа објавени информации за можна гужва на граничниот премин Богородица, заради празникот.
„Утре, петок 11.10 е државен празник во Македонија. Заради продолжениот викенд и убавото време се очекуваат зголемени гужви на патот кон Грција и во недела попладне на враќање од Грција. Среќен празник на Македонците“ се вели во објавата во групата Пат до Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.