ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување
Објавено во: Македонија 25 Април, 2024
По денешниот нов влажен воздушен бран кој ќе ни донесе нови врнежи и повторно малку пониски температури, сепак во петок, како и за време на викендот конечно можеме да очекуваме многу постабилно и релативно суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова би можело да има сосема мали исклучоци каде би се појавиле сосема локализирани и краткотрајни врнежи од дожд (ништо сериозно), објави метеорологот Славчо Попоски.
„И во Скопје во петок, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, сончево и суво со мала до умерена локална облачност.
За време на овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, малку посвежо утро очекуваме во петок кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 7 степени, додека потоа тие ќе бележат тенденција на пораст.
Максималните дневни температури на воздухот пак повторно ќе бидат во пораст и во петок како и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени“, напиша тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.