06 Октомври, 2024
0.0355

Во октомври ќе почне да се гради Клиничката болница во Штип

Објавено во: Економија 07 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Новата Клиничка болница во Штип, ќе чини 30 милиони евра, а ќе почне да се гради во средината на октомври и треба да е завршена за две години, ова го најави денеска, министерот за здравство Никола Тодоров.

,,Објектот ќе се гради на сегашната локација на болничкиот комплекс, на местото меѓу главната болничка зграда, зградата на инфективното одделение и зградата на сегашна педијатрија. Ќе опфати површина од околу 34.000 метри квадратни бруто површина. Станува збор за инвестиција во вредност од околу 30 милиони евра" -рече Тодоров.

Планирано е новата болница да овозможи здравствена заштита на над 200 000 жители и ќе има 354 легла.

Министерот рече дека овој проект го подготвувале две години и на него работеле пет стручни тимови.

Тодоров вели дека болницата ќе има карактеристики и функционалности од врвни стандарди какви што досега немало во Македонија.

,,Сите содржини на болницата се соодветно групирани и распределени на осум нивоа, а меѓусебно се поврзани со внатрешни топли врски по хоризонтала и вертикала. Внатрешната комуникација и транспортот на материјалите помеѓу катовите ќе се одвива со 14 лифтови. На покривот на нивоата на машинска сала и на последното ниво, предвидено е да се постават градини, од кои дел ќе бидат проодни и ќе може да се користат од вработени и/или пациенти, а дел непроодни и ќе имаат сопствен инсталиран систем за наводнување" - рече Тодоров.

Тендерот за изградба на болницата бил објавен вчера во официјалниот гласник на Европската унија од страна на Банката на Советот на Европа.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?