07 Септември, 2024
0.0285

ВО ПОРАНЕШНА ГРАДСКА БОЛНИЦА ЗА 5 МЕСЕЦИ 50 ИЛЈАДИ ПРЕГЛЕДИ И ПОВЕЌЕ ОД 850 ОПЕРАЦИИ: Се хоспитализираат пациенти кои немаат ковид

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во изминативе 5 месеци, од март, откако беше прогласена епидемијата на корона вирусот, до крајот на јулисе извршени над 50 илјади прегледи и повеќе од 850 операции во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, или позната како поранешна Градска болница во центарот на Скопје, а реализирани се во просек, на месечно ниво 10 илјади прегледи, соопштија од оваа здравствена установа.

Откако беше прогласена епидемијата на Ковид-19 во Македонија, Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, беше определена како болница во која се вршат хируршки третмани на пациенти кои не се инфицирани со коронавирус.

Директорот на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков, потенцира дека сите пациенти се примени и ниту еден пациент не бил вратен или упатен во друга здравствена установа поради немање соодветен упат од матичен лекар или специјалист од секундарното здравство.

„Направена е реорганизација на работата во поликлиниката за да се намали ризикот од трансмисија на вирусот меѓу персоналот и пациентите. По првичното работење со две ургентни амбуланти, воведено на 23 март, веќе од 18 мај се отворени сите специјалистички амбуланти, кои секојдневно функционираат и покрај тоа што нема закажани термини преку националниот систем МојТермин. Болницата функционира со кадар од 70 доктори, 85 сестри, 36 болничари, 10 лаборанти и 18 рендген техничари. Од вкупниот кадар во установата, 7.5% се ослободени во континуитет по одлука на влада (бременост, хронични болести и друго). Иако се наоѓаме во фаза на реконструкција, беше организиран и изолаторен дел, каде се хоспитализираат пациентите како итни случаи, и им се врши тестирање за инфекција со коронавирусот. Доколку состојбата на пациентот тоа го дозволува, во рок од 24 часа го имаме резултатот, по што се продолжува со третманот“, вели д-р Арсенков. Тој појаснува дека од почеток на јули е спроведен скрининг на вработените за присуство на антитела од COVID-19 и само четири вработени имале позитивен резултат за претходно прележана инфекција. Тоа говори за успешното спроведување на мерките за лична заштита.

Инаку, во оваа установа, на 27 февруари 2020г. е формирано координативно тело за справување со коронавирусот и донесени се протоколи за работа во услови на пандемија, со кои максимално се заштитени пациентите кои се прегледуваат, како и пресоналот кој работи во клиниката.

„Континуирано работиме на обезбедување адекватна заштитна опрема и услови во кои ќе продолжиме со безбедно работење, со цел подобрување на здравјето на граѓаните и обезбедување највисоко ниво на здравствена грижа“, вели д-р Арсенков.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ ИЗГАСНА ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО - два „Ер трактори“ и полициските хеликоптери се неисправни

ДОЖДОТ ИЗГАСНА ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО - два „Ер трактори“ и полициските хеликоптери се неисправни

„Тие што ја посадија семката на коцкањето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста“: Вреди најавува нов закон за намалување на казината

„Тие што ја посадија семката на коцкањето се обидуваат да ја дефокусираат јавноста“: Вреди најавува нов закон за намалување на казината

„Се расчистуваше ли теренот за приватен инвеститор да постави ветерници“: Левица прашува дали е коинциденија пожарот на Плакенска планина

„Се расчистуваше ли теренот за приватен инвеститор да постави ветерници“: Левица прашува дали е коинциденија пожарот на Плакенска планина

„ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО Е ИЗБРАНА ФИРМА ЗА НАДЗОР НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10“: Николоски вели до крај на 2026 ќе се вози по автопат кон Охрид

„ДА СЕ ИСТРАЖИ КАКО Е ИЗБРАНА ФИРМА ЗА НАДЗОР НАД КОРИДОРИТЕ 8 И 10“: Николоски вели до крај на 2026 ќе се вози по автопат кон Охрид

ПО РАСПРАВИЈА ГО НАПАДНАЛЕ СОСЕДОТ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ - уапсени две лица од Кочани за убиство

ПО РАСПРАВИЈА ГО НАПАДНАЛЕ СОСЕДОТ СО ТВРДИ ПРЕДМЕТИ - уапсени две лица од Кочани за убиство

ОГНЕНАТА ЛИНИЈА ВО МАРИОВО СЕ ПРОШИРИ - на терен испратени се преку 200 професионалци

ОГНЕНАТА ЛИНИЈА ВО МАРИОВО СЕ ПРОШИРИ - на терен испратени се преку 200 професионалци

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

Охриѓанец бара помош од полиција - на телото на детето забележал подливи откако го земал од градинка

„КРИЕЛ ЛИ ФИЛИПЧЕ ИМОТ“: Митева од ВМРО тврди дека Венко има 5 стана во Скопје кои не ги пријавил додека бил министер

„КРИЕЛ ЛИ ФИЛИПЧЕ ИМОТ“: Митева од ВМРО тврди дека Венко има 5 стана во Скопје кои не ги пријавил додека бил министер

ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ФАТЕН СО КРАДЕНИ ДРВА - надлежните велат нелегалната трговија со дрво мора да запре

ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА ФАТЕН СО КРАДЕНИ ДРВА - надлежните велат нелегалната трговија со дрво мора да запре