Волксваген ќе ги менува моделите после 5 години
Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2014
За да се усогласи подобро со потребите и навиките на купувачите, Волксваген ќе го скрати животниот век на една генерација на своите модели на пет години, најавуваат од германскиот произведувач.
Волксваген новиот модел ќе го рестилизира после 3 години, за да после две го замени со следната генерација, изјавил еден од потпретседателите на компанијата Јоерг Соммер.
Не е соопштено дали истата одлука се однесува и на другите автомобилски марки кои соработуваат во рамки на VW групата (Ауди, Шкода и Сеат), што би можело да се случи, ако се знае дека споменатите брендови имаат многу заеднички коли и делови поради намалување на трошковите за развој и производство.
Автомобилот е наменет исклучиво за американскиот пазар, а ќе се појави во 2016 година.
Од друга страна, купувачите во Европа би требало, наместо овој модел, истата година да ја добијат неговата поефтина верзија во вид на нов Шкодин СУВ.