ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024
Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека извршиле вонредни контроли на 92 игротеки, од кои кај 24 констатирале недостатоци.
Како што информираат од АХВ, 16 од нив не се регистрирани како оператор со храна, додека други 8 не ги исполниле хигиенските услови, односно не ги спроведувале процедурите за добра хигиенска пракса.
„Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов изврши увид во игротеките. Со проверките беа опфатени 92, од кои 16 не се регистрирани во АУВ како оператор со храна. Во 8 од нив инспекторите утврдиле дека не ги исполнуваат хигиенските услови, односно не ги спроведуваат процедурите за добра хигиенска пракса. Во 16 игралишта е констатирано дека вработените не вршеле здравствени контроли, како и констатирани отстапувања во однос на безбедноста на храната, при што се запленети и безопасно уништени 11,5 килограми млеко.
За откриените нерегуларности издадени се 19 решенија и наредени се мерки за нивно отстранување, 13 центри се привремено затворени и кај 32 изречени се парични казни“, информираат од агенцијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.