ВОНРЕДНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА АРСОВСКА: Градоначалничката уверува „Скопје има редовно снабдување со вода“
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2022
„Наспроти паниката која сакаат да ја креираат
неколкумина лица, Градот Скопје има континуирано снабдување со вода. Ги охрабрувам
работниците своето право на штрајк да го практицираат секогаш кога сметаат дека
нивните права се прекршени. Но, исто така до нив апелирам да не дозволат да
бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во
политички пресметки“, изјави попладнево градоначалничката на Скопје, Данела
Арсовска на вонредната прес-конференција.
Таа нагласи дека дека синдикалните организации треба да ги штитат правата на работниците, а не на неработниците.
-Оние кои го најавуваат штрајкот во ЈП Водовод и канализација треба да ја кажат вистината. Ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права. Најавен беше прекин на водоснабдување во Скопје. Апелирам до Јавното обвинителство и сите кои сметаат дека ова е индиција за попречување на работата на едно јавно претпријатие, да си преземат дејства за оваа закана да не се реализира. Претпријатието е претворено во биро за вработување, во ЈП Водовод и канализација вработени се 1.200 лица. Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација, рече Арсовска.
ФОТО: МИА