04 Октомври, 2024
0.0288

Ворен Бафет советува: Како до успех?

Објавено во: Економија 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Најуспешниот инвеститор на 20 век поделил свои совети со дипломците за тоа како најлесно да се заработи. Секако овие совети не им вредат само на младите луѓе на почетокот на кариерата, туку може да ги употреби секој кој сака да оствари успех во капиталистичкото општество. Ова се некои од нив… Не е се во инвестирањето Првото нешто што луѓето можат да научат од Ворен, се разбира, е како да се размислува за инвестирање. За жал, повеќето луѓе застануваат само на ова, и на тој начин го пропуштаат фактот дека тој има огромно знаење за бизнисот и дека е многу моќен. На пример, тој тврди дека пазарот треба да се игнорира наместо да се следи, само затоа што на тој начин ќе ги искористите недостатоците на пазарот и грешките на компаниите. Користете ја својата платформа Многу бизнис менаџери им пишуваат писмa на своите акционери, но Ворен е со право познат по неговиот стил. Ворен е подготвен да зборува отворено и критикуваат нешта, исто како што не се двоуми да заземе став, како на пример кога даде поддршка на законот за зголемување на даноците за богатите, иако тоа директно се коси со неговите интереси. Мораш да бидеш свесен колку е твоето време драгоцено Без оглед колку пари имате, не можете да купите повеќе време. Секој ден има само 24 часа. Ворен не дозволува неговиот календар да биде исполнет со неважни состанови. Од друга страна, пак, е многу дарежлив со одвојување време за луѓе кои му се вредни. Никогаш не престанувајте да учите Според зборовите на Чарли Мундер од „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет ги насочил своите активности на неколку работи, со максимална концентрираност на нив. Работејќи така 50 години, станал експерт во тие нешта, исто како што на пример, Роџер Федерер е мајстор во тенисот. Со други зборови, Бафет сфатил во што е добар и константно работел на тоа усвојувајќи нови знаења. Клучот е трпеливоста Во бизнисот, но и во многу други нешта, трпението е важно, ако не и пресуден фактор. Бафет знаел кога треба да почека, иако е многу лесно да попуштиш на притисокот и да го „притиснеш копчето“. Но наместо избрзани одлуки, тој седел и чекал подобра понуда, која на крајот сепак се појавила. Трпението многу често значи – чекор напред. Дадете им признание на своите колеги Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш тука биле другите успешни колеги, работници или деловни партнери кои го одработувале својот дел од работата. Ако сакате да ги следите чекорите на Ворен Бафет, никогаш немојте да заборавите да им се заблагодарите или да ги наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија