06 Октомври, 2024
0.0266

ВРЕДНИ СЕ КАКО ГРАНИТ АКЦИИТЕ НА „ГРАНИТ“ - кој плати 470 илјади евра за акционерски пакет од 0,83 проценти на моќната градежна компанија

Објавено во: Економија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Македонската најмоќна градежна компанија „Гранит“ е дефинитивно интересна за инвеститорите, а купувањето нејзини акции станува се почеста практика на Берзата, дали преку блок трансакции, или преку редовните тргувања на пазарот на капитал.

Вчера нова блок трансакција со акциите на оваа успешна градежна компанија осамна на веб страницата на Македонската берза. Според податоците од Берзата, биле продадени 25.417 акции на ова акционерско друштво, по цена од 1.145 денари за акција. Вкупната вредност на блок трансакцијата е близу половина милион евра, или прецизно 473 илјади евра. Ова значи дека преку Берзата за познат купувач се продадени акции вредни 473 илјади евра. Овие пари, пак, некој ги платил за да се стекне со пакет од 0,83 проценти, или близу еден отсто од акционерскиот капитал на компанијата, колку што покажуваат пресметките во однос на вкупниот број акции.

Инаку, постигнатата цена од 1.145 денари за акција е повисока од цената од 1.135 денари за акција по која акциите се тргуваа на редовниот пазар на 29 ноември оваа година.

Кој е купувачот на овој солиден акционерски пакет ќе се знае кога тоа ќе го објави или самата компанија, или веројатно во понеделник кога Централниот депозитар за хартии од вредност ќе ја објави најновата сопственичка структура, па ќе се види дали имало промени кај акционерите со над пет проценти.  

Инаку, веќе објавивме дека пред околу една недела, Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор на ова акцнашата најголема и најмоќна градежна компанија „Гранит“ се стекна со 11.731 обична акција на ова акциконерско друштво. Според нашите пресметки, станува збор за мал процент од капиталот на компанијата, или за нецел половина процент, односно прецизно 0,38 отсто. Според графиконот на Берзата, тие акции биле купени на редовното тргување на 17 ноември, по цена од 1.170 денари за акција.

Како што пишувавме, Страшо Милковски, иако својот акционерски пакет своевремено им го пренесе во наследство на своите две деца, се уште поседува извесен процент акции, а лани купи исто така 0,6 отсто од акциите на градежната компанија. Сепак, тој поседува помалку од пет проценти од акциите на компанијата.

Според последната состојба објавена на Централниот депозитар за хартии од вредност, најголеми доминантни акционери во компанијата „Гранит“ се Зоран Милковски, син на Страшо Милковски и во моментов генерален директор на компанијата, а кој според последната објава на ЦДХВ поседува 9,10 отсто од капиталот, како и неговата ќерка Ивана Милковска-Симева, која располага со 8,84 проценти. Овие акции тие ги добија како наследство од својот татко. Покрај нив акционер во компанијата е Бард коп од Белград, која има во свој посед 5,06 отсто од акциите, додека 9,81 отсто од акциите кои фигурираат како акции на компанијата. 

Инаку, „Гранит“ во првите девет месеци годинава наплати еден милион евра од дивиденда на своите акции во Комерцијална банка. Оваа градежна компанија, како што е познато, во Комерцијална банка купи поголема количина акции, но помалку од 5 отсто, во втората половина на 2017 година. Од оваа перспектива, по шест години, од купувањето на акции излегува дека направиле добра зделка.

„Гранит“ беше и еден од партнерите на бизнисменот Кочо Анѓушев во изградбата на хидроцентралите на неговата компанија, а ова Анѓушев со особена благодарност го истакна на прославата на 20 години постоење на неговата групација „Фероинвест“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?