Втора изложба на макети и диорами
Објавено во: Мои пари 04 Март, 2015 09:43
По успехот на минатогодишната прва изложба, како и огромната посетеност , оваа година ја продолжуваме низата со надеж дека ќе прерасне во традиција.
Неколкумината ентузијасти кои минатата година за првпат го претставија ова хоби на пошироката македонска јавност оваа година го остварија својот долгогодишен сон и се здружија во клуб. Макетарскиот клуб Скопје е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура.
Ве покануваме да дојдете на ВТОРАТА ИЗЛОЖБА НА МАКЕТИ И ДИОРАМИ на која ќе можете да ги видите макетите и диорамите на членовите на клубот, но и да се информирате повеќе околу самите макети, начинот на изработка и сл.
Изложбата ова година ќе биде одржана во домот на АРМ со свечено отварање на 4ти Март со почеток во 20:00 часот. Целиот настан ќе трае до 7ми март во 20:00 часот кога ќе има свечено доделување на дипломи и признанија.
Своето учество на изложбата го најавија: Томислав Краљ, макетар од Р.Хрватска; бродомоделарскиот клуб „Панон“ од Панчево, Р. Србија; и членови на макетарскиот клуб од Софија, Р. Бугарија. Клубот како свои гости ги покани да учествуваат и Димитар Делев (фигури Warhammer 40k) и Симон Калајџиев (gundam модели).
Изложбата ќе ја отвори командантот на Воено Воздухопловство полковникот Кире Колевски.
Работно време : од 12.00h до 20.00h (освен на денот на отворањето)
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!!!
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк








