07 Октомври, 2024
0.0249

За 6 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 5,2 милијарди долари!

Објавено во: Економија 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

За десет години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, што ја позиционира Македонија на 79-то место по сумата на изнесени нелегални средства. Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежните институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари. Дел од експертите од оваа област велат дека системот што треба да ги следи финансиските трансакции е слаб. Укажуваат дека загрижува тоа што според новиот Закон за спречување на перење паи и финансирање тероризам, функционерите се изземени од регулативата односно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции. -Загрижува фактот, што  со новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се извадени од законот “политички експонираните личности”, тоа се сите јавни функционери, а за тоа постои посебна директива во Европската унија, дека тие лица се  посебен ризик и треба да се следат со внимание. А кај нас со законот од 2014-та година тие се извадени од регулативата или поточно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции, значи на некој начин како да се прави подготовка за полесно пренесување на средствата надвор од земјава, затоа мислам дека сеуште нашиот систем е многу слаб, но тука многу ќе помогнат другите системи надвор од Македонија.Кај нас системот кој што треба да ги следи финансиските трансакции и перењето пари е многу слаб,  пред неколку години беше многу подобро воспоставен тој систем. Сите механизми кои што беа воспоставени се ослабнати, вклучително и контролата што ја вршат  банките но и контролата над банките во однос на исполнување на нивните обврски од овој тип, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Македонија. Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“  во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин биле изнесени 5,2 милијарди долари. Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 10 години изнесува 5,212 милијарди. Првата графа е година 2003, следуваат следните години, претпоследната графа е вкупниот износ на изнесени пари за сите години, а последната графа е годишниот просек на изнесени пари. odliv pari22 Швајцарската Влада почна да ги објавува странските затајувачи на данок Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на странските државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки. Како причина за овој потег, Швајцарската даночна управа ги наведува барањата на надлежните институции од дургите  земји за помош во истрагите против депонентите во швајцарските банки. Овој потег доаѓа барање на Европската унија. На 21-ви овој месец, Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки. Дали на листата има и македонски државјани?Дел од експертите очекуваат дека на списокот ќе се појават имиња и фирми на лица од Македонија. -Не е исклучено наши функционери да имаат сметки во Швајцарија. Досега без исклучок се покажа дека од сите држави кои што имаат правни системи кои имаат голем проблем со корупцијата, функционерите ги изнесуваат средставата и ги стваат во швајцарските банки. Очекувам дека на тој список ќе има и имиња на лица од Македонија и компании, затоа што постојат многу информации, а и не е ниту тајна дека наши луѓе имаат основано компании во други држави, а овој пат ќе се знаат вистинските сопственци. Многу често се случува тие компании да се основаат под други имиња, тешко може да се стигне до вистинскиот сопстевник на компанијата или за тоа кој интерес го застапува таа компанија. Доколку на тие списоци се појават имиња на наши државјани, тие имиња ќе можеме да ги видиме, оти тоа ќе биде јавно и ќе може да се види кои се тие лица, и тие нема да ги селектираат по држави, туку ќе ги објавуваат сите, па доколку имаме интерес ние и доколку има лица од Македонија, тоа ќе може да се види. Овој потег на Швајцарија произлезе после настаните пред неколку години кога се обелоденија имињата на лица и компании кои имаат жиро сметки во Швајцарија, за да ги избегнат даночноите обврски во другите држави од ЕУ, и сега норамлано ЕУ побара од Швајцарија да ги објавува имињата. На овој начин ќе се има поголем увид во тоа кои се лицата кои избегнуваат плаќање на данок, вели Тасева. Според дел од експертите доколку на листата се најдат и државјани на Македонија, тогаш тие ќе мора да одговараат пред надлежните институции во земјава, но доколку се утврди корупција и перење пари ќе одговараат и пред швајцарските надлежни институции. Т.С

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми