За Димовски Телма е партиски штаб на СДСМ кој го напаѓа актерот Јовановски
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017
Илија Димовски како и многу други членови на ВМРО-ДПМНЕ излегоа во одбрана на актерот Владо Јовановски чиј жежок статус предизвика лавина на реакции. За Димовски проблематична е реакцијата на ТВ Телма кон која очигледно има голема нетрпеливост.
- ТВ Телма која учествуваше во манипулации и хушкање на народ против народ во минативе две години, прави хајка против актерот Владо Јовановски за негов личен став, извртувајќи го до безобразни граници.
ТВ Телма на чиј канал Заев најави украинско сценарио, молчеше и ќутеше за тој повик на крвава разврска.
Достоинство? Нема. Кредибилитет? Нема, напиша Димовски во одбрана на Владо Јовановски.