Заев: Договор е возможен ако е во рамки на Уставот
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017
Зоран Заев со новата изјава за медиумите ги отцрта првите „црвени“ линии кои СДСМ нема да ги премине за да постигне договор со ДУИ и останатите албански партии за формирање на новата влада. Секое решение кое ќе се постигне доколку е во рамките на Уставот е возможно и пожелно,
„За нас е сè прифатливо што е во рамките на Уставот, сѐ она кое претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, секако имајќи ги предвид и потребите на граѓаните од другите етнички заедници. Тие две рамки, уставно да биде одржливо и практична потреба на граѓаните ја претставува рамката и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Од СДСМ и натаму не даваат поконкретни одговори како ќе се имплементираат барањата од албанската платформа и што за нив е прифатливо, а што не бидејќи чекаат начелен договор со албанските партии, за потоа кога ќе добијат мандат за составување на влада да се изјаснат.