Заев: По 3.000 денари за младите да не седат дома и да подлежат на девијантни појави
Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2019 12:29
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека преку законско решение кое ќе го прелдожи Министерството за труд и социјална политика ќе се обезбедат средства за Младински додаток за сите млади граѓани кои имаат до 23 години и работат во производствена дејност.
Истиот ќе изнесува 3.000 денари за секој млад работник додека не наврши 23 години и парите ќе ги добива на трансакциска сметка преку Агенцијата за вработување. Според шефот на македонската Влада, мерката е од исклучителна важност за младите луѓе во нашата држава со која се обезбедува континуитет и стимулација во гранките на производство во кои има дефицитарен кадар и недостасува кадар за работа.
- Младите треба да имаат најмалку средно образование и да работат вопроизводствена дејност, да бидат индивидуални земјоделци или индивидуално самовработени во производството. Во овој случај добиваат и младите и работодавачите. Ова е вклучително заедно со субвенционирање на придонесите ако се зголеми платата. Владата продолжува постепено да работи на задржување на младите во Македонија. Секој кој сака да работи во производство од државата ќе добива плус 3.000 денар. Ако некој не сака да оди на факултет, уште порано ќе ги донива овие пари. Ем ќе бидат постимулирани, ем ќе бидат мотивирани да се оттргнат од девијантните појави, рече Заев.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека новиот закон е изработен во нејзиниот ресор и исплата ќе започне кога истиот ќе стапи на сила.
- Економијата се движи преку компании кои прпоизведуваат, но од друга страна има и млади кои се двоумат дали да работат во производството. Со овој закон директно сакаме да ги поттикнеме младите дека освен платата од работодавачот, ќе добијат и 3.000 денари од државата за тука да ја градат кариерата, додаде Царовска.
Откако законот ќе стапи во сила, младите работници треба само да поднесат барање до Агенцијата за вработување и да остават трансакциска сметка, Агенцијата кога ќе ги евидентира сите податоци, ќе исплаќа по 3.000 денари на сметката на младиот така што работодавачите нема да имаат никаква административна обврска.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено





