Заев: Подготвен сум да соработувам со амбасадата на САД
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2023
Поранешниот премиер Зоран Заев се огласи преку медиумите со коментар дека и стои на располагање за соработка на амбасадата на САД во Скопје, откако на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев беше ставен на „црната листа“.
„Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт Департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Аншушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер, така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено-економска и политичка тема во земјава, вклучително и основот за сомневањата кон Анѓушев“, стои во дел од соопштението упатено од Заев.
Денеска американската амбасадорка Анџела Агелер имаше брифинг со медиумите, на кои одби да одговори дали Заев е следен на кој ќему биде забранет влез во САД.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.