ЗАГИНАА И БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ ЧЕТИРИ ДЕНА – НОВ БРУТАЛЕН НАПАД НА ИЗРАЕЛЦИТЕ ВРЗ ГАЗА: Мохамед Абу ал-Кумсан го изгуби целото семејство
Објавено во: Свет 13 Август, 2024
Израелската армија со месеци извршува напади врз Газа, а во
најновите брутални воени напади врз цивили загинаа дури и близнаци стари четири
дена.
Палестинецот Мохамед Абу ал-Кумсан бил шокиран од веста дека неговата сопруга, нивните близнаци родени пред само четири дена и неговата мајка биле убиени во напад во градот Деир Ал Балах. Нивното семејство беше принудено да побегне од северниот дел на Појасот Газа во Деир Ал Балах поради израелските напади.
Палестинецот Мохамед отишол во мртовечницата во болницата Ал Акса за последен пат да ги погледне своите најблиски кои загинаа во монструозниот напад. На Мухамед најпрво му било кажано дека членовите на неговото семејство биле ранети во израелски напад додека барал извод од матична книга на родените, но кога пристигнал во болницата дознал дека го загубил целото семејство. Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 39.929, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Израел продолжи со бруталната воена офанзива на Појасот Газа од 7 октомври по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.
По повеќе од десет месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа лежат во урнатини во услови на блокада во испораката на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.
ФОТО: EPA-EFE/MAHMOUD ZAKI