ЗАХАРОВА ЗА МЛАДИЌ: Хашкиот трибунал има антисрпска тактика

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2017
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека доживотната казна затвор за поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ е продолжување на политизираната и однапред смислената тактика на Хашкиот трибунал.
Според неа „преземената еднострана, антисрпска тактика од страна на Трибуналот за трагичните настани во 90-те години на територијата на поранешна Југославија, не само што не успеа да го реализира основниот принцип за казнивост за воени злосторства, туку уште еднаш го потткопа процесот за обновување на меѓусебната доверба на Балканот“.
„Потсетувам дека судот во Хаг во мај оваа година одби да го прифати барањето за времено ослободување на Младиќ со цел тој да се лекува во Русија, иако руската страна достави детални гаранции"- изјави Захарова.
Захарова вели и дека Хашкиот трибунал покажал дека е далеку од општо прифатените стандарди за прашања кои гарантираат рокови за судски постапки, како и за фундаменталните права на живот, здравство и медицинска помош.
Младиќ вчера беше осуден на доживотен затвор, по што имаше реакции. За српскиот народ тој е херој и патриот, а за другите е воен злосторник.
Можеби ќе ве интересира
ЗЕМЈОТРЕСОТ СРАМНИ СО ЗЕМЈА НАД 1.700 ЗГРАДИ, 500 ЛУЃЕ УМРЕА: Најнови податоци стигнуваат од Турција

ВТОРИОТ ПОТРЕС БИЛ СИЛЕН 6,7 СТЕПЕНИ - се очекува афтершоковите да продолжат со часови, дури и со денови

ПРОЗОРИТЕ НИ ЕКСПЛОДИРАА ПРЕД ОЧИ, ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА СВЕТИЛКАТА ЌЕ ПАДНЕ ВРЗ НАС - сведоци за земјотресот во кој досега загинаа над 195 луѓе

ТОГАШ ЗАГИНАЛЕ 30 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ - земјотрес со иста јачина пред 84 години ја погодил Турција

БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ СЕ ИСКАЧИ НАД 100, во Сирија се спасува дете под урнатините - ЕДЕН ОД НАЈТЕШКИТЕ ДЕНОВИ ЗА ТУРЦИЈА

НАЈМАЛКУ ПЕТ ЖРТВИ, УРНАТИ ЗГРАДИ, ХАОС... - Турција погодена од разорен земјотрес од 7,4 степени

Пригожин ги демантира руските медиуми: Украинците се борат за секоја улица и секоја куќа
