21 Септември, 2024
0.0286

ЗАПАЛЕНО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КУМАНОВО: Kaj Железничката станица испишано е УЧК

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Немил  настан се случи во Куманово каде е запалено македонското знаме. 

Запалено македонско знаме виси над месната заедница спроти железничката станица. Низ целиот објект на месната заедница со спреј е исцртано албанското знаме, но и ознаката за УЧК. Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата.

„Вчера во 16:.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија“, информираат оттаму.

Од Левица бараат полицијата да ги најде сторителите, а политичари Албанци да го осудат овој чин.

„Ова претставува последното во долгата низа еклатантни непочитувања на македонското знаме, како и на останатите државни инсигнии, кое е предводено од страна на лидерите на коалиционите партнери на СДСМ и ДПМНЕ, необалистичката коалиција Вреди и терористичката ДУИ, чии политичари меѓу себе се натпреваруваат во ширење на омраза, национализам, промоција на балистички и великодржавни идеи, кои создаваат и разгоруваат етнички мотивирани тензии“, наведува Левица и додава дека тоа е резултат на „промоцијата балистички и великодржавни идеи од одредени политичари, како и несанкционирањето за антидржавната политика која отворено се заговара“, велат од Левица. 

Ова не е прв пат да биде запалено македонското знаме во земјава. Пред неколку години на железничка станица во Скопје Север беше уапсен маж кој го запали македонското знаме. Последниот сличен случај беше годинава на Попова Шапка кога македонското знаме на јарболот во манастирот беше заменето со албанско.

Во 2017 година момчиња од селото Слупчане го симнаа македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“