Затекнати четири лица без ковид сертификати во Битола
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2021
Државниот пазарен инспекторат во при контрола на подрачјето на Битола затекнала четворица гости без ковид сертификати во угостителски објекти, а евидентирано било и точење на алкохол на малолетни лица.
ДПИ неправилностите ги затекнал при акциска контрола на два објекти.
„На 24/25.12.2021 во времето од 22.30 до 00.30 часот, на подрачјето на ПС од ОН Битола, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, кафе бар на ул.Булевар 1-ви мај и бар лоциран на ул.Рајко Жинзифов во Битола, при што се констатирани неправилности од страна на Државен пазарен инспекторат односно се затекнати четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции“, објавија од инспекторатот.