Добивај вести на Viber
„HAARP“ системот, кој според теоретичарите на заговор, имаше за цел „да ги ослабне мозочните функции на луѓето во одредени региони и во подолг период и човечкиот род да го подели на господари и корисни идиоти”, е затворен поради финансиски проблеми.
Менаџерот на програмата “HAARP”, Џејмс Кини, изјавил дека објектот кој се наоѓа на Алјаска бил затворен уште од почетокот на мај.
“Моментално, локацијата е напуштена затоа што се се сведува на пари, а ние истите ги немаме”, изјавил Кини, додавајќи дека сите пристапни патишта се блокирани, а дека зградите се заклучени и струјата е исклучена.
Исто така, била деактивирана и интернет страницата на програмот “HAARP”.
Причината за затворањето на програмата е и од еколошка природа, затоа што дизел генераторите не го поминале тестот кој потврдува дека истите не ја загадуваат природата. Поправката на генераторите чини 800.000 долари, а нивното месечно одржување е околу 300.000 долари. За десетдневна работа на станицата се потребни дури 500.000 евра.
Сепак, изгледа дека главната причина за пропаѓањето на проектот е паричната измама. Имено, како што објави интернет порталот “Wierd”, главниот истражувач Алфред Вонг проневерил повеќе од 1,7 милиони долари кои што биле наменети за истражувачите.
Американскиот “HAARP” програм инаку се занимаваше со истражување на јоносферата, но теоретичарите на завери тврдеа дека системот се занимава со проучување на јоносферата, “која содржи огромна количина на јони настанати со делувањето на сончевиот ветар и истите имаат огромно влијание на простирањето на електромагнетните бранови”.
На тој начин, антенскиот систем “HAARP”, покрај огромното влијание на човековата околина, имал влијание и над менталната свест на луѓето, на климата и климатските промени.
Случајот “HAARP” минатата година беше исклучително актуелен и во регионот, кога во Србија минатото лето беше вклучен “IHY” системот, кој е дел од “HAARP” системот, а според теоретичарите на завера, големите жештини и силната зима кои што ја погодија Србија биле последица предизвикана токму од системот “HAARP”.