21 Мај, 2024
0.2993

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ШТО ИЗВИСИЈА ЗА НАГРАДИ - не е фер, и ние работевме со болни од ковид

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Од 22 илјади здравствени работници во државата, само 7.890 земале еднократна финансиска поддршка за третман на лица заболени од КОВИД-19. 

Другите 14 илјади останале без помош информираат од самостојниот синдикат за здравство. До редакцијата на ТВ21 пристигнале неколку поплаки од вработени во здравствени установи. Тие се разочарани бидејќи не се во групата за која следува помош, иако и тие работеле со заразени или суспектни на Ковид 19.

„Многу сме разочарани затоа што секогаш сме биле повеќе од желни да исполниме се што се бара од нас. Да одговориме на сите обврски што ги имаме максимално. Така беше во изминативе 9 месеци. Многу од нас се разболеа на работа, многу од нас бевме во карантин и не можевме да работиме, не покриваа колегите. Навистина сме мал број на луѓе и целата работа ја работевме без одмор. Така беше постојано и се уште е. Кога ни кажаа дека не сме во ниту една мерка навистина бевме разочарани“, вели вработени во „8-ми септември“

Од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита изјавиле дека во понеделник ќе имаат средба со министерот Венко Филипче за да му укажат дека и на останатите работници треба да им се додели еднократна помош.

„Нашиот став е дека сите здравствени работници кои имале директен или индиректен контакт со заболени со Ковид 19 треба да бидат наградени. Според нас, на сите треба да им се додели барем 5 илјади денари, а за лицата кои имале директен контакт да им се додели 25 илјади денари“, велат од Самостојниот синдикат за здравство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази