15 Јануари, 2025
0.0292

Зелен катастер, Ботаничка бавча: Како ќе ја чуваат градските власти животната средина?

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Околу 610 илјади евра Градот Скопје планира да одвои следната година за реализација на активностите  од Програмата за заштита на животната средина и природата на подрачјето во Скопје. Според образложнието во Предлог програмата најмногу пари или околу 208 илјади евра се предвидени за заштита и унапредување на заштитени објекти. Останатите активности се во делот на заштита на воздухот, водата и почвата, и активности во областите на животната средина, отпадот, бучавата, нејонизирачкото зрачење, природата, биодиверзитетот, климата. - Главна цел на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје е постигнување на повисок степен на разрешување на состојбите во сферата на животната средина и заштита и зачувување на квалитетот на сите медиуми на животната средина, во рамките на законските надлежности, а со тоа и заштита на здравјето и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Еколошките ризици се една од најважните одредници на здравјето и благосостојбата на луѓето. Во актуелниот развоен момент на глобално ниво, постојат сериозни проблеми во управувањето со состојбите и можните ризици во животната средина. Повеќе медиуми и области на животната средина, како и комплементарните процеси, имаат нарушен квалитет, како во развиените, така и во земјите во развој, стои во образлошението во Предлог Програмата. Еве какви активности планира да превземе и колку пари за планира да одвои Градот следната годиина: Во евра
  Област / дејност Потребни средства
1. Заштита на амбиентен воздух 108.130
2. Заштита од бучава -
3. Заштита на водите 81.300
4. Заштита на почвите 8.130
5. Отпад 32.520
6. Климатски промени 34.146
7. Зеленило 53.658
8. Заштитени локалитети 208.130
9. Спроведување одредени законски процедури 4.878
10. Проекти од областа на животната средина 69.105
11. Подигање на јавната свест 10.569
  Вкупно 610.569
  Квалитетот на воздух е долгогодишен проблем на Скопје. На хартија има краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, но како се релазираат и колку го даваат очекуваниот ефект?За заштита на амбиентиот воздух, Градот следната година планира да одвои околу 108 илјади евра, од кои 40.000 евра за набавка на препаратот калциум магнезиум ацетат за прскање на улиците за намалување на штетното влијание на ПМ 10 честичките.  Во Предлог програмата се посочува дека змбиентиот воздух има нарушен квалитет, а во зимскиот период од годината ја надминува дозволената граница за повеќе пати, што сериозно го загрозува здравјето на населението. Предвидено е да се изработи План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на агломерација Скопски регион, а целат на планот треба да биде подобрување на квалитетот на воздухот во регионот на Град Скопје, со тоа и на здравјето на луѓето, согласно регулативата за квалитет на амбиентниот воздух.Планот опфаќа Оперативна програма за намалување на РМ10, Елаборат за нивото на бучавата и нејонизирачкото зрачење и состојбата на амбиентниот воздух. Исто така ќе треба да се изработи елаборат за испитување на загадувањето на амбиентниот воздух од согорувачките процеси во сообраќајот со цел да се езбедат податоци за загадувањето на воздухот од еден од причинителите – сообраќајот и мерки како да се реши загадувањето во сообраќајот. Предвидено е да се изработи  Краткорочен акционен план за заштита на амбиентниот воздух, за преземање на краткорочни, интервентни мерки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на луѓето, и изготвување на Информација за квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопје за 2015 година. Во делот на заштитата од бучва, со програмата се планира Изработка на Стратешка карта за бучава и Акционен план за намалување на бучавата во животната средина за град Скопје, за да се превземат соодветни мерки. Откако се исекоа голем број дрвја, ќе се прави зелен катастер Иако изминатава година на големо се сечеа дрвјата во Скопје, со образложение од Градот дека се работи за стари дрвја. Екологистите бурно реагираа, укажувајќи дека дрвјата се важни за животната средина особено за воздухот и дека на новите засадени дрвја им требаа многу години за да развија големи крошни. Сега, откако голем број дрвја се исекоа, дел од зелените површини се претворија во градежни парцели, во програмата градските власти за следната година планираат да изработат  Зелен катастар на град Скопје, а целта како што се посочува во образложението, е да се постигне повисок степен на заштита и унапредување на јавните зелени површини на град Скопје со помош на обезбедување просторни податоци за обемот и видот на зеленилото. -Со Зелениот катастар ќе се утврди површината, сопственоста и квалитетот на зеленилото, во функција на урбанистичкото планирање, а со крајна цел да се спречи натамошната пренамена на зеленилото во градежни цели, се посочува во образлжението на Градот. Во овој дел е планирана  изработка на Студија за зелен коридор од изворот на река Серава до вливот во река Вардар, а целата е да се добиве стручна основа за формирање зелен коридор по течението на река Серава, и како што образложуваат од Градот со создавање на зелени коридори од периферните делови на градот ќе го насочувале свежиот воздух кон централните делот од градот.  Тука е и долгонајавуваната изградба на Ботаничка градина во склоп на Зоолшката градина. -Ботаничката градина треба да овозможи заштита на посебните видови садници, има едукативна улога затоа што ја збогатува можноста за практична едукација на младите, ќе ја збогати содржината на Зоолошката градина и ќе ја зголеми туристичката понуда и реализација, се посочува во Предлог програмата. За изградба на Ботаничката бавча ќе се потрошат околу 34 илјади евра, а фирмата коха ќе ја гради е веќе одбрана. Најмногу пари околу 208 илјади евра се предвидени за активностите за Заштита и унапредување на заштитени локалитетите. Тука спаѓа заштитата на Парк шумата Водно, за што од градот информираат дека е донесен Посебен план за заштита и унапредување на парк-шумата Водно за периодот 2007-2016 година, кој  предвидува заштитни и уредувачки активности што не се дел од редовното одржување и претставуваат соодветна финансиска обврска. Освен Водно како други локалитетите за кои се предвидени посебни планови за заштите се посочени локалитетот Гази Баба, Кањон Матка, Скопска Црна Гора. Јавното претпријатие Водовод и канализација ќе биде задолжено за вршење на континуиран оперативен мониторинг на водите што ги хранат изворите за водоснабдување на градот Скопје, со цел да се утврди  квалитетот и квантитетот на подземните води.Предвидено е изработка на регистер на бунари за стопански цели. Во активностите за заштита на почвата, преку системот за јавни набавки се планира да избере компанија која ќе вршу утврдување на дистрибуцијата и концентрацијата на тешки метали во разни делови на растителите форми наменети за исхрана и производство на прехранбени продукти во Скопскиот регион, и на тој начин се очекува да се добијат податоци за квалитетот на прехранбените продукти на зелените пазар. Останатите активности се оденсуваат на спроведување на законски процедури, климатски промени, подигање на јавната свест за значењето на животната средина и проекти од областа на животната средина. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба