04 Октомври, 2024
0.0330

Земјиштето во Џумајлија се дава под закуп

Објавено во: Економија 10 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го објави огласот за давање под закуп на државното земјиште во Џумајлија, кое претходно му беше доделено на индискиот бизнисмен Субарата Рој.Се работи за четери географски целини со вкупна површина 4.000 хектари.

-Минималната почетна цена за електронското јавно наддавање ќе биде 70.000 до 100.000 евра по целина. За прва и втора класа земјиште минималната цена е 120 евра за хектар, за трета и четврта класа 90 евра, за петта и шеста 80 евра и за седма и осма класа е 60 евра, изјави заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

Според условите во огласот во првата географска целина инвеститорот е обврзан да изгради краварска фарма и да вложи најмалку шест милиони евра и ова земјиште ќе биде дадено под закуп 15 години. Намената на останатите три целини е за различни земјоделски култури, но и таму инвеститорите мора да вложат најмалку два милиона евра во преработувачки капацитет кој ќе им биде на располагање и на земјоделците од другите региони.Временскиот закуп за овие три целини е зависно од намената- за одгледување долгогодишни насади како лозје и овошки закупот е над 30 години, за житни култури 15 години, за маслинарници 50 години, за лешници 70 години.Огласот ќе трае два месеци. Кон средината на мај годинава министерството имаше распишано само повик за интерес.Според информациите од МЗШВ на повикот за земјиштето во Џумајлија имало интерес од трисеттина странски и домашни фирми.

Чекајќи го Рој се изгубија неколку реколти во Џумајлија.

Инаку во 2013-та година токму ова земјиште го доби индискиот бизнисмен Субрата Рој. Но две години по најавените милионски инвестиции на иднискиот бизнисмен Субрата Рој во Џумајлија, останаа празни ниви, а не дојдоа ниту кравите. Годинава ресорното министерство го раскина договорот и ја активираше банкареската гаранција бидејќи компанијата не ги испочитувала условите од договрот.До последно од претставништвото на “Сахара Индиа Паривер” во земјава изјавуваа дека Субрата Рој не се откажува од инвестирањето во Македонија и дека чекаат инструкции од Индија, за понатамошните инвестициски активности во земјава.

Субарата Рој требаше да го добие земјиштето во Џумјалија под концесија во времетрање од 15 години за надомест од 121.000 евра. Имаше опција и договорот да се продолжи уште на 15 години со непосредна спогодна. Проектот Џумајлија беше најавен како еден од стартешките во земјоделскиот сектор со вработувања на 2.000 лица, увоз на 20.000 млечни крави, млекарница која требаше да произведува 80.000 литри млеко дневно.

Вредноста на целата инвестиција требаше да изнесува 211 милиони евра. Договорот беше склучен во јули 2013 –та година и првата жетва требаше да биде во мај лани, а веднаш потоа да се набават кравите. За производството ќе му следуваа и државни субвенции. За земјоделците и агроекспертите беше нејасно како се планираше да се најде место за 20.000 крави, кога претходно овој најголем агрокомбинат имал околу 300 крави.

Инаку се работи за земјиште со висока плодност, а Овчеполието важи за втора најголема житница во земјава, поради што е важно земјата во овој регион да се обработува. Но откако Рој ја најави инвестицијата до раскинувањето на договорот ни педа од земјата не беше обработена. Дел од агроекспертите постојано укажуваа дека додека се чекаше бизнисменот Рој да почне со инвестициите, пропаднаа четери реколти, што е погубно за домашното производство на жита но и на други култури, во услови кога земјава троши милионски суми за увоз на храна.

Огласи за закуп на државно земјишти и во други региони

Освен во Џумајлија ресорното министерство објави оглас за давање под закуп државно земјоделско земјите и во уште три региони, Струга, Струмица и Ресен.Во Ресен се огласени 25,5 хектари поделени во две целини.Во Струмица се огласени 40 хектари за одгледување култури на 15 години, но обврска е и изградба на ладилник за две години кој ќе може да го користат и земјоделци од други региони, а во Струга за закуп се предвидени 16 хектари и на нив треба да се гради живинарска фарма, вредна најмалку 100.000 евра, и да се произведува сточна храна. Од МЗШВ посочуваат дека сите заинтересирани инвеститори треба да ги почитуваат условите наведени во огласот, и ако не се запази рокот за изградба на капацитетите, недовршените објекти остануваат во сопственост на Република Македонија. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија