15 Јануари, 2025
0.0285

Жерновски против багерите: ЌЕ ЈА СПРЕЧАМ ИЗГРАДБАТА НА ЗГРАДИТЕ!

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Жерновски ветува дека нема да се дозволи да се реализира ДУП во Центар, спорниот дел во Дебар Маало каде е предвидено изградба на 15 катница на место бараките во Центар, а на местото на претпријатието за станбен и деловен простор (ПУИГ) зграда за домување. „Градежна мафија е замешана во аферата со дебармаалскиот Детален урбанистички план“, вели градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Тој вели дека владата со неколку промени на законот за просторно планирање се прогласила за надлежна да одлучува каде и што ќе се гради во општината, и дека токму луѓе од Владата стојат зад овој план. „Во среда, ќе одржам прес-конференција и ќе ја информирам јавноста за новиот Кинески ѕид во Градски парк. Општина Центар до Уставниот суд ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на спорниот и криминален Законот за просторно и урбанистичко планирање од декември 2014 за утврдување на таканаречени градби од посебен интерес со изработување на Урбанистичко-планска документација, која според овој закон се донесува во процедура без да се вклучи јавноста на ниту едно ниво од постапката. Значи не е предвидена ниту јавна презентација, ниту јавна анкета“, рече Жерновски. Тој најави дека нема да се гради 55 метарската зграда на место на сегашната општина. [caption id="attachment_175388" align="aligncenter" width="730"]ADSDP Debar-Maalo mapa01 Местото на Јавното станбено претпријатие каде е предвидена изградбата на спорните згради (фото Билд.мк)[/caption] Најавите за новите градби во општината Центар кои се вцртани во Деталниот урбанистички план за Дебар Маало, предизвикаа бурни реакции кај граѓаните и невладиниот сектор. Бараат градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски да го промени ДУП-от. Никола Наумовски од плоштад Слобода преку интервју за Фактор пред неколку дена порача дека Жерновски се откажал од Центар, правдајќи се со одземените ингеренции. „Не само што досега не ги довеле во прашање користејќи некои од институционалните механизми кои им се на располагање, туку сега, кога ние повикуваме на премислување на овој план не квалификуваат како несериозни. Андреј Жерновски и екипата се кандидираа на локални избори, а за тоа и беа поддржани, за да интервенираат врз хаосот кој во само еден мандат го создаде Владимир Тодоровиќ во Општина Центар. При водење на изборната кампања, Жерновски изјави дека „веќе ниедно дрво во општина Центар нема да биде исечено“, а оттогаш, при секое прегазување на ветеното, тој се правда со врзани раце, фактот што Шиповиќ смени страна, но и реалниот притисок од страна на централната власт. Тој со овие „аргументи“ е подготвен да не се бори против ДУП исцртан во некој партиски штаб, поделен по парцели кои ќе задоволат приватен или институционален интерес на сметка на јавниот, план кој дури некои парцели сосема ги иззема од надлежноста на Општината“, вели Наумовски.

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ