16 Декември, 2025
0.0514

ЗНАЧАЈНА ПРОМЕНА: Стаклен „iPhone“ доаѓа во 2017 година

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2016 16:39

Добивај вести на Viber

Епл планира еден модел „iPhone“ со целосно стаклено куќиште од очекуваната генерација која ќе дебитира во 2017 година. Веста беше соопштена од „Nikkei“, повикувајќи се на изјава од Алан Хорн (Allen Horng), извршен директор на „Catcher Technology“.

„Catcher Technology“ е еден од главните снабдувачи на корпуси за „iPhone“ уреди, а според Хорн компанијата од Купертино ќе користи стаклено куќиште за да ги издвои во целост своите уреди од сите други алуминиумски „Smartphone“ телефони на пазарот, мислење, кое го дели и аналитичарот на „KGI Securities“, Минг Чи Куо.

Хорн изјави дека колку што му е познато само еден модел „iPhone“ од претстојната 2017- генерација ќе биде изграден од стаклена обвивка, а тоа нема да ја намали цената на производот на било кој начин, бидејќи, и покрај напредна технологија, стаклената обвивка ќе има потреба од армирана метална рамка. Во поддршка на своето мислење, извршниот директор на „Catcher Technology“ нагласува дека технички е невозможно куќиштето да биде изработено целосно од стакло, без присуство на метална рамка или конструкција.

„iPhone“ генерацијата во 2017 година ќе донесе значителни промени, а една од нив најверојатно ќе биде т.н. „edge to edge“ дисплеј кој ќе ја опфаќа целата предница на уредот, а во него ќе бидат вградени сите потребни сензори, копчиња, предна камера .

Другата новина навестува промена во името на очекуваната генерација во 2017 година. Поради големите промени, најверојатно идниот уред нема да ја продолжи традиционалната 7-ма генерација, ќе биде додадена индикација „S“, а ќе дебитира како iPhone 8.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк