Добивај вести на Viber
Тешко да се каже зошто биткоинот има вредност, смета американскиот економист и нобеловец Пол Кругман. Тој дигиталната валута ја нарекува еден вид виртуелно богатство во изјава за Њујорк тајмс.
Според Кругман, на сила е монетарното назадување, односно како што вели, необичната решеност на многу луѓе да се вратат час наназад и да свртат грб на вековите прогрес.
Биткоинот е сличен на злато, вели тој, а нови биткоини може да се добијат само со решавање сложени математички проблеми со моќни компјутери и многу струја.
За создавање на биткои се користат природни ресурси, па најголем рудник за негово „ископување“ е на Исланд, смета тој бидејќи овде струјата има најниска цена.
Претходно водечкиот банкарски регулатор на Стариот континент упати сериозно предупредување за ризиците кои следат од користењето на биткоинот. Во извештајот од минатата седмица, Европскиот банкарски орган ( ЕБО ) ги предупреди пазарните учесници, дека секоја инвестиција во дигиталната валута може да биде „болна“ . Институцијата посочи дека електронските парични средства се целосно нерегулирани и ги оставаат луѓето без заштита од евентуален колапс .
Пораката на ЕБО дојде по бројните коментари од инвеститори, технолошки гуруа и обични трговците , кои ја јакнат довербата во биткоините. Главните надежи се дека алтернативното паричен средство може да се претвори во легитимна глобална валута, која пак нема да биде регулирана од ниту една држава.
Вредноста на еден биткоин се зголеми значително во текот на оваа година – од околу 13 долари во јануари до над 1 200 долари пред неколку денови.
Македонија е далеку од воведување биткоини. Употребата на виртуелната валута биткоин е многу опасна бидејќи може да креира „меур“ кој што може да остави силни последици, смета и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.