10 Мај, 2024
0.0383

Зошто е суспендиран Џереми Кларксон?

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015

Добивај вести на Viber

На крајот се случи она од што фановите на емисијата „Top Gear“ се плашеа а што противниците одамна го поскуваа - Џереми Кларксон е суспендиран. Наредната епизона нема да биде емитувана во предвидениот термин а целото риалити шоу е доведено во прашање.

Вчера објавивме дека контроверзниот  Џереми Кларксон е суспендиран од Би-Би-Си.

Со оглед на неговиот проблематичен карактер, бројните скандали и контроверзни изјави, такво нешто можеше да се очекува и порано. Се поставува прашањето која е капката што ја прели чашата и предизвика ваква реакција на раководството на Би-Би-Си.

top gear emisija

Од таа телевизија засега е објавено само кратко соопштение:

„После неложувањето со продуцентите, Џереми Кларксон е суспендиран и против него е покрената истрага. Никој друг освен него не е суспендиран а емисјата  (Top Gear) нема да биде емитувана во неделата. Би-Би-Си во моментов не сака да дава коментари на оваа вест“.

Прикривањето на вистинската причина отвори простор за неофицијални информации, па така Радио Тајмс објави дека „Top Gea“ е тргнат од програмот бидејќи Кларксон наводно се обидел да удари еден од продуцентите на емисијата.

Иако инцидентот се случил во почетокот на март, челниците на  Би-Би-Си за него дознале дури во понеделникот, па веќе во вторникот донесоа одлука водителот да се суспендира и наредната епизода од серијалот да не се емитува во предвидениот неделен термин.

Поради најавената истрага за инцидентот, освен наредната, веројатно ќе бидат одложени и следните две епизоди од 22 серијал, пишуваат британските медиуми.

Од друга страна, Дејли меил тврди дека Кларксон всушност ударил еден од организаторите во текот на снимањето на емисијата бидејќи не обезбедил храна .

klarkson top gear

Како што пишува овој весник, Џереми Кларксон во вторникот се појавил во пабот во близина на неговиот дом. На прашањето во врска со суспензијата, само рекол: „Уживам во пивото и чекам се ова да заврши“.

Суспензијата на еден од тројцата водители, кои во најголема мера го одредува тонот и карактерот на серијалот и кој за фановите е синоним за „Top Gear“ ќе создаде големи главоболки за челниците на Би-Би-Си.

Имено, емисијата е толку популарна ширум светот што на годишно ниво телевизијата од продажба на права и реклами заработува преку 200 милиони евра.  „Top Gear“ е исто така најгледана емисија на каналот  Би-Би-Си2 - секоја недела ја следат преку 5 милиони гледачи, а за време на божиќните празници емисијата имала дури 7 илјади гледачи.

А тие истите гледачи покренале петиција на сајтот change.org Кларксон да се врати на малите екрани, која до денес ја потпишале 160 000 луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“