06 Октомври, 2024
0.0354

Зошто законот за хонорари доживеа неславна завршница?

Објавено во: Економија 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Според дел аналитичари власта ги повлекла измените зошто во меѓувреме стратувала со проектот „Македонија вработува“, со кој се даваат бенефиции при вработување на одредени граѓани. „Со оглед на проценките кои се направени дополнителните мерки за нови вработувања и проектите за отворање на нови работи места  оценето било дека ефектите од законот може да се постигнат и со други  мерки па од таму и повлекувањето на Законот е логична последица на анализите“, вели Живко Митревски од ССМ. Сепак за повеќето ова е популистички трик пред изборите. „Измените кои предвидуваа плаќање на придонеси за хонорарците беа донесени на нетранспарентен начин без никаква јавна дебата и затоа побудија доста жестоки реакции во јавноста. Дополнителните чести измени создаваа и уште поголема несигурност, па затоа нивното комплетно повлекување е она за кое се боревме долго време, иако мора да забележиме дека повлекувањето доаѓа во очи на изборите во 2016 година и нестабилна политичка клима, како популистички трик за придобивање на гласови, вели Дејан Лутовски од Ленка. Од Организацијата на работодавачи велат дека буџетот и фондовите ќе имаат штета од оваа одлука. „Законот всушност требаше да поттикне регистрирано вработување, и со самото тоа и да обезбеди сигурни услови за работодавачите и работниците.“ потенцира Бошков од Организацијата на работодавачи. На прашањето на Фактор на чија штета е повлекување на  претходно донесена владина одлука, Бошков со став: „Веројатно одговорот е дека е на штета на  Владата и буџетот (касите на фондовите) , бидејки не се исклучува можноста дека Законот ги мотивираше хонорарците своите услуги да ги наплаќаат на нелегален начин“. А какви беа навистина ефектите врз буџетот? Но, дека буџетот и фондовите почнаа да ги чувствуваат бенефитите од законот покажа неодамнешната анлиза на Finance Think. М-р Деспина Петреска, Економски аналитичар во Finance Think, напиша: „За неговата успешност говорат и фактите. Владата веќе почна да ги чувствува придобивките од овој закон. И фондот за пензиско и инвалидско осигурување и фондот за здравствено осигурување бележат зголемување на приходите од наплатени придонеси во првите четири месеци од годинава. Ако до лани, приходите од придонеси растеле во просек за 4%-5% во однос на претходната година, генерално заради нормалниот раст на вкупната економија, годинава, особено последните два месеци од анализираниот период, растот на приходите од придонеси бележи значително повисоки стапки на раст и во двата фондови. Фондот за здравствено осигурување во март и април годинава, остварил приходи од наплатени придонеси за здравствено осигурување во износ од 1135 и 1209 милиони денари, што е за 10% и 13%, соодветно, повисоки приходи во однос на претходната година. За споредба, во 2014 година биле остварени 4% и -5% раст на приходите, во март и април соодветно, во однос на 2013 година. honorari И Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, годинава оствари значително повисоки стапки на раст на приходите од наплатени социјални придонеси. Во март и април 2015, наплатени се вкупно 2624 и 2842 милиони денари социјални придонеси, што е за 8% и 13% соодветно, повисоки приходи во однос на истите месеци лани. honorari1Податоците покажуваат дека секој нареден месец од оваа година, наплатените придонеси за здравствено  и социјално осигурување се зголемуваат со забрзани стапки на раст. Дали тоа значи дека плодовите од изменетиот закон за хонорари само што почнаа да зреат, останува да видиме до следното објавување на податоци за остварениот буџет на овие две институции“ напиша Петрески.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?