19 Декември, 2025
0.0548

Каде не смее да се паркира

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2018 11:19

Добивај вести на Viber

Проблемот со паркирани возила онаму каде што тоа не е дозволено е дел од маките со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот. Блокирани тротоари, приоди, патеки... оневозможено безбедно движење на пешаците и на велосипедистите, на лицата во инвалидски колички, на лицата со оштетен вид, на мајките со деца - е секојдневна слика. 

Токму затоа, РСБСП со потсетување до возачите за најважните одредби од ЗБСП,  односно со потсетување каде и на кои места е строго забрането возачот да го запре или да го паркира возилото:

1. На обележан пешачки премин, на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини.

2. На велосипедска патека, односно лента.

3. На крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз т.е на оддалеченост помала од 10 метри од почетокот на крстосницата.

4. На тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање, односно запирање, задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на коловозот.

5. На места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби и на  паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано како  место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

6. На место на кое возилото би го засолнувало (покривало) поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци.

7. На дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот и на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај.

8. На место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило.

9. На плоштад, пешачка зона, противпожарен пат, пред влез во објект, двор или гаража, на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови.

10. Над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија.

11. На премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво и на дел од јавен пат на оддалеченост помала од 15 метри од премините преку железничка или трамвајска пруга во исто ниво.

12. На железнички или трамвајски пруги и во близината на тие пруги, ако со тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини.

13.  На мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници.

14.  На дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да се изврши без опасност.

15. На дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од три метри, односно до спротивниот раб на коловозот би била помала од четири метри.


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство