ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА - особено на странските пазари

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024 12:53
Драстичен пад на прометот во индустриското производство регистрираше Државниот завод за статистика.
Според најновите податоци, во јули оваа година, споредено со јули 2023 година, има намалување за високи 13,5 проценти.
- Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 86.5 - се наведува во соопштението на ДЗС.
Од таму додаваат дека според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35,4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.
Пад има и на месечно ниво. Како што информираат од ДЗС, индексот на прометот во индустријата, во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, изнесува 98. Ова значи дека на месечно ниво има пад од два проценти, додека пак за првите седум месеци од годината падот достигнува 13,3 проценти.
Податоците покажуваат дека поголем е падот кај прометот на странските пазари.
Имено, статистичарите соопштуваат дека индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 99,1.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 82.
Можеби ќе ве интересира
АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите

ПАДОТ НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Каде ќе се пишува нова технолошка историја? Ова место привлекува гиганти

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!
