1 MAJ: Кога и зошто почнавме да го славиме
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2018 07:46
Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




