19 Декември, 2025
0.0463

100% поддршка во битката со ракот на дојка

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2014 17:57

Добивај вести на Viber

Повод за ова собирање е 100% поддршка на пациентите во борбата со ракот, водена од врвните експерти од оваа област, кои ги опфаќаат сите аспекти во дијагностицирањето и третманот на ракот на дојка. Вклучени се експерти во делот на дијагностицирање, оперативно лекување, пред и постоперативни патохистолошки и имунохистохемиски анализи, онколошки и радиолошки третмани и естетска реконструктивна хирургија. Овој тим го сочинуваат доктори од Приватната општа болница Ре-Медика и јавното здравство: Д-р Елизабета Бабушку и Д-р Наде Петановска од ПЗУ Ре-Медика, Д-р Сашо Банев, ПЗУ Биопсија, Проф. Д-р Андреја Арсовски, стручен директор на Ре-Медика, Проф. Д-р Љубе Ивковски од ПЗУ Хистолаб, Д-р Нино Васев, Д-р Мери Пешевска и Д-р Марија Вукашиновиќ од Клиника за радиотерапија и онкологија, Д-р Огњен Даскалов од ПЗУ Д-р Даскалов.

„Борбата против ракот на дојката мора да се води милтидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Со овој тим секој пациент ќе биде сигурен дека од нас добива 100% поддршка во битката со ракот. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. Овој тим покажува дека неопходна е соработка, дека кај нас пациентот е на прво место и тоа не е само флоскула, туку и реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција“, изјави Проф. Д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на Ре-Медика.

Ре-Медика располага со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Република Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење на доплер студија и MICRO PURE студија за детекција на микрокалцификати.

Тука се изведуваат сите инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. После извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на понатамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен и современ третман со хемотерапија, хормонална терапија, херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија.

Потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции како и континуирана психолошка поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство