16 Декември, 2025
0.0465

„Визер“ со превезени 15,8 милиони патиници во 2014 година, оствари пораст од 17%

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2015 13:44

Добивај вести на Viber

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа,денес објави дека превезе 15,8 милиони патници во 2014 година, што претставува пораст од 17% на бројот на патници од претходната година. На крајот на годината, авиокомпанијата имаше летови со попуст за 106 дестинации во 37 земји, во вкупно 355 правци. Wizz Air поседува 54 авиони „Ербас А320“, со кои опслужува 18 оперативни бази во 10 земји во централна и во источна Европа. Претходно најавената база во Тузла, Босна и Херцеговина, ќе почне со работа во јуни годинава. Јозеф Варади (József Váradi), главен извршен директор на Wizz Air, изјави: „2014 беше уште една одлична година за Wizz Air, обележана со опфат на повеќе земји и дестинации во повеќе правци од кога и да било досега. Ние превезовме 2,3 милиона патници повеќе отколку пред една година. Подготвени сме за понатамошен раст на нашата постојана флота, за проширување на мрежата во 2015 година и за превоз на повеќе патници по пониски цени во Централна и во Источна Европа. Се гордееме со нашиот придонес во економскиот развој на пазарите на кои сме присутни и со создавањето нови директни и индиректни работни места, кои се резултат на нашопт раст „Wizz Air“ е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа, а со своите 54 авиони Airbus A320, со кои нуди над 350 рути од 19 бази, поврзува 106 дестинации во 37 држави. Во „Wizz Air“, тимот од над 2.200 авијациски професионалци нуди извонредни услуги по ниски цени на билетите, што „Wizz Air“ го прават посакуван избор за над 15,8 милиони патници во 2014 година.  

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив