15 Јануари, 2025
0.0365

2,4 милиони евра за реконструкција на железничката станица

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Железничката станица наскоро ќе добие нов и модерен лик.

Преку ИПА(85%) и државната каса (15%) ќе се издвојат 2,4 милиони евра за реконструкцијата на објектот изграден пред 35 години.

Целиот процес би траел околу 4 месеци со што модерната железничка ќе има целосно нов лик.

За три до четири месеци, според надлежните институции,  ќе биде завршена обновата на Железничката станица во Скопје, која треба да добие комплетно нов и модерен изглед.

Министерот Мисајловски истакна дека ефективно се работи на објектот со што целосна рехабилитација Железничката станица ќе добие за три до четири месеци, кој потенцираше и дека почнат и проектот за  обнова на 10 вакви објекти лоцирани долж паневропскиот Коридор 10 и кракот 10Д.

А покрај скопската железничка станица ќе се реконструираат и оние во Прилеп, Велес, Битола, Богомила, Гевгелија, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар.

Според директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, голем дел од работите се во завршна фаза. Пероните се веќе подигнати и со стандардите за набавените нови патнички возови кои треба да пристигнат, лифтовите кои се важни за лицата со посебни потреби, како и чекалните ќе добијат нови системи за климатизација.

- Два перона се целосно направени, се работи на третиот перон, лифтовите  се 90  проценти завршени, Дел од санитарните јазли, на северната страна,  се 100 проценти завршени, а во другите делови 90 проценти. Се работи и на електричните и климатизациските инсталации кои се завршени околу 80 проценти. Има ново варосување, а потоа и целосно чистење, изјави Асани.

Надлежните работат и на набавка на нови патнички возови и товарни вагони

- Исто така работиме и на зајакнување на пругите, Куманово - Бељаковце, работиме на нови пруги, започнавме и со Битола - Кременица, односно пробуваме Македонија да добие нова слика односно реконструкција на цела железничка инфраструктура, а со тоа и да ги подобриме условите за граѓаните во железничкиот превоз, изјави министерот за транспорт Мисајловски.

Можеби ќе ве интересира

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....