19 Декември, 2025
0.0484

20 брилијантни начини да заштедите време

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2016 22:42

Добивај вести на Viber

Секој од нас има моменти во кои не успева да најде време и енергија да ги заврши сите планирани задачи за денот. Меѓутоа, постојат техники кои може да ја зајакнат продуктивноста и концентрација. 

Еве 20-тина од најефикасните: 

Одлучете што е важно за вас во следните 5 години. 80% од она што го правите сега, нема да се претвори во нешто, ако немате цел. 

Спиење, храна и вежби може да ви помогнат да се фокусирате на резултатите, бидејќи тие го зголемуваат фокусот, мотивацијата и енергијата.

Правилото на двете минути: ако може да направите нешто (како на пример, да одговорите на мејл), направете го сега. 

Правилото на петте минути: најдобро решение против одложувањето е да си ветите дека ќе завршите голема задача само за 5 минути. Се фокусирате и ја завршувате. 

Правило за продуктивност: ако сакате да сте добри во нешто, правете го секој ден, вклучувајќи и на Божиќ, Велигден, на празници. Без исклучок. 

Малите навики поврзани со петминутното правило, ви помагаат да креирате навики, со кои ќе дејствувате брзо. 

Вашата меморија има лимит. Не може да запаметите сѐ дури и да сте гениј. Пишувајте во тефтер, направете листа.

Користете што помалку алатки и апликации.Користетете Google Calendar и Gmail. 

Рутински обврски. За да бидете дисциплинирани, започнувајте го денот со планирање од утрото и распоредете ги обврските. Така имате приоритети, ги избегнувате непотребните активности и го правите тоа што има значење. 

Временски интервали. Во текот на 30 минути правете само едно нешто - без мејл, телефони, разговори, социјални мрежи. 

Носете слушалки. Не е правило дека треба да слушате музика, но така луѓето нема да ви здодеваат.

Не го започнувајте денот со читање на мејл, но не го читате и на крајот на денот. Направете го тоа три пати на ден - во 11, 14 и 17 часот. Одговарајте веднаш на поштата, сортирајте ги најважните мејлови. 

Телефонски разговори. Не бидете секогаш на располагање. Оставете го телефонот на вибрации и враќајте само на најважните повици. 

Сортирајте ги малите задачи - пошта, телефон, Facebook и др.  

Најважните работи. Започнувајте со нив наутро и размислувајте трезвено. 

Носете ги најважните одлуки наутро и организирајте се потоа. 

Во што сте силни. Прашајте се во што сте најдобри и што може да направите токму сега. Потоа применете го правилото за петте минути. 

Одмарајте. Одморот прави чуда. Не правете нешто што не сакате, само за да ве пофалат. Држете се до приоритетите.

Правете се некомпететни. Ова е дипломатски начин да го примените горното правило.


Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство