16 Декември, 2025
0.0545

26 нови соби за студентите во Стив – Гоце Делчев чека избор на изведувач

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2014 13:10

Добивај вести на Viber

Студентите во домот „Стив Наумов“ во Автокоманда од денеска имаат осум нови павиљони со 26 соби. Станува збор за инвестицијата вредна 103 милиони денари обезбедена од Министерството за образование и наука. Во четири од сместувачките објекти има 10 соби, а во останатите 16 соби. Во секој од објектите има посебни соби и за лицата со посебни потреби. -Објектите се изградени по највисоки стандарди. Врз основа на проекциите постои можност за сместување на 140 студенти но исто така и за надградба во делот на креветите. Во следниот период во рамки на новиот оглас за сместување од октомври ќе бидат сместени студенти од целата држава кои ќе аплицираат, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој заедно со премиерот Никола Груевски и директорката на студенскиот дом ги посетија објектите. Просторот кој опфаќа 2.000 метри квадратни ги задоволува стандардите за квалитетно студентско сместување, смета Ристовски. Завршено било и поднесувањето на понуди за првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом „Гоце Делчев“, а според најавите од министерот во следните денови треба да се одржи електронската аукција. - По нејзиното завршување, доколку се биде во рамки на законот, се очекува да започне првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом. Можеби нема да може да одговориме во целост на сите потребни барања, но треба да бидеме рационални бидејќи многу е поважно во следните две години како што е планирано во фази да заврши комплетната реконструкција и да се обезбедат соодветни услови за студентите, рече Ристовски. За студенскиот дом „Невена Ѓорѓиева-Дуња“ познат како Медицинар, како што информира Ристовски, има изготвено проектен план и ќе се планираат следните чекори.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив