19 Декември, 2025
0.0379

A1 Македонија заедно со Триглав Осигурување: Со A1 Combo за прв пат и осигурување на домот

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2022 13:59

Добивај вести на Viber

 Како компанија која е докажан водач во дигиталниот свет и посветена на креирање продукти и услуги кои секогаш нудат дополнителна вредност за корисниците, А1 Македонија со задоволство го најавува најновото и уникатно проширување на своето портфолио и за прв пат, заедно со Триглав Осигурување нуди осигурителни услуги за своите корисници на A1 Combo.

Сите А1 корисници на А1 Combo пакетот, од денеска можат да го осигураат својот дом со најдобрата понуда за комбинирано осигурување на домот и опремата за електронски комуникациски услуги, обезбедена од Триглав, достапна во салоните на А1 Македонија. 

Притоа, месечниот надомест за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1.

 “Особено сум горд што сме пионери на пазарот во воведувањето новитети за корисниците со што А1 Македонија прераснува во компанија каде освен дигитални решенија, корисниците имаат можност на едно место да обезбедат сеопфатни услуги за модерно и едноставно секојдневие. Со A1 Combo пакетот, покрај постојана поврзаност, неограничена комуникација и атрактивни телевизиски содржини, за прв пат корисниците можат да добијат услуга за осигурување на својот дом и и тоа по исклучително поволни услови на пазарот.” – изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

“Соработката со А1 Македонија за Триглав Осигурување претставува вистински чекор во правец на реализирање на зацртаните стратешки насоки и можност на клиентите да им понудиме релевантни решенија едноставно и брзо. Триглав Осигурување во континуитет е прв избор на осигурување на нашиот пазар затоа што инвестираме во квалитетот на корисничкото искуство и градиме однос на доверба и партнерство со нашите клиенти и соработници. Развиваме иновативни производи и градиме екосистеми на поврзани, услужно-ориентирани решенија и асистенции. Токму затоа, во нашиот фокус е градењето стратешки партнерства со реномирани компании како А1 Македонија, сѐсо цел на клиентите да им обезбедиме врвна услуга, што одговара на нивните потреби.” – изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.

Комбинираното осигурување на дом од Триглав овозможува низа поволности за безгрижно живеење. Пакетот обезбедува покритие за станбениот објект и покуќнината, како и за готовина, хартии од вредност, скапоцености, лични исправи, документи и друго. Притоа, штити од пожар, излевање на вода од инсталации и други опасности во домот, од провална кражба и разбојништво, како и одговорност кон трети лица, односно штети предизвикани кај соседите. Ова осигурување обезбедува и асистенција за домот, услуга, која што на клиентите на Триглав им нуди помош и 24-часовна поддршка, кога таа им е најмногу потребна. Асистенцијата е достапна на бесплатниот телефонски број 0800 90 550.

Повеќе информации за понудата побарајте на веб-страниците A1.mk и triglav.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство