Добивај вести на Viber
Градежната компанија Адора Инженеринг Скопје денес го доби првиот „енергетски пасош“ во Македонија, односно првиот сертификат за енергетски карактеристики на станбени згради-А класа за новиот објект „Парк“ изграден во срцето на општина Аеродром, Скопје. Ова е потврда дека компанијата, пионер во воведувањето на еко домовите во Македонија, која го изгради првиот станбен објект од високата А енергетска класа и го доби првиот енергетски пасош е лидер во унапредувањето на енергетски ефикасното домување во државата.
Сертификатот за енергетски карактеристики на станбени згради А класа со реден број 1, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ-СКОПЈЕ, потврдува дека објектот „Парк“ на Адора Инженеринг има одлични коефициенти за пренесување на топлина кои се од 30 до 40 % подобри од законски пропишаните, додека кај застаклените површини коефициенти се за 50 % подобри од предвидените со Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Одлични индикатори за енергетска ефикасност според сертификатот има и кај специфичната потрошувачка на примарна енергија, која е со вредност 105 kwh/m²а што заедно со специфичната емисија на CO₂ од 45,1 CO₂/m²a е потврда за намалено создавање на CO₂ во воздухот, како резултат на енергијата потрошена за греење на станбениот објект.
Адора Инженеринг Скопје како докажан градежен бренд препознатлив по градбите за сигурно, квалитетно и економично домување и натаму ќе ги следи и применува најновите светските стандарди и технологии со цел на граѓаните на Македонија да им овозможи здраво и долгорочно економично домување.