„Адора Инженеринг“ ќе гради модерен старски дом „Втора младост“
Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2014 13:26
На атрактивното земјиште што се наоѓа наспроти хотелот Белви во општина Илинден, Адора Инженеринг ќе инвестира во изградба на висококвалитетен комплекс, наменет за сместување и нега на стари лица, граѓани на Македонија и странски државјани, со услови за спортски и рекреативни активности, како и културно-забавни содржини.
Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг кој плати четири пати повисока цена за купување на државното градежно земјишт од почетната цена е задоволен од јавната лицитација, што на компанијата ќе ѝ овозможи реализација на 100 % македонска квалитетна градба, комплетно домашна инвестиција вредна повеќе милиони евра, со што Македонија во срцето на државата ќе добие нов комплекс „Адора Интернационал“.
Адора Инженеринг верува дека ќе продолжи досегашната максимално принципиелна соработка со општина Илинден и државните институции за реализација на овој проект, како значајна и вредна домашна инвестиција.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




