FOOD BAR ЛАНСИРА НОВ ПРОИЗВОД НА ПАЗАРОТ
Ајсберг салата за ЗДРАВО СРЦЕ!
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2020 15:34
Ве гази времето и работните обврски не
ви дозволуваат да уживате во готвењето онака како што можеби би сакале, но тоа
значи дека не треба секој ден, без исклучок да уживате во секој оброк и секој
да е здрав и полн со сите потребни хранливи намирници. Сето ова може да го
најдете единствено во кесичките на Food Bar, пакувања полни со зеленчук
подготвен за консумација. Сè што треба да направите е да го извадите зеленчукот
од пакувањето, да го ставите во чинија, да го зачините по желба и вашата витаминска
бомба е приготвена.

Food Bar во својата палета на производи нуди вкусови и за најпребирливите, а освен добро познатите беби микс салатата, беби рукола, беби спанаќ, фамилијарната салата со ајсберг, црвена цикорија, морков и зелена марула, валеријана, свежо рендано цвекло, италијана, микс со зелка и морков или микс зелена, тиквата и неколкуте вида никулци, од неодамна ја додаде и ајсберг салатата.
***
Зелената боја на главицата и листовите доволно зборува за тоа дека овој зеленчук содржи витамин К и железо, а тие се важни за крвната слика и кардиоваскуларниот систем. Ајсберг салатата е полн погодок за срцето! Со нејзина консумација ќе си обезбедите дури 30 проценти од препорачаните дневни количества од овие корисни материи. Освен тоа изобилува и со витамин А, важен за правилен раст и развој на коските; потоа растителни и диетални влакна и што е најважно има ниска енергетска вредност и создава чувство на ситост. Во 100 г имаа само 11 калории, 94 % вода, само 2 % шеќер и околу 1,2 % протеини.
***
Начинот на приготвување и пакување на сите производи, коишто може да се најдат во скоро сите ланци маркети во Скопје, наскоро и низ целата држава, е по најнови светски технолошки стандарди кои гарантираат квалитет и безбедност. Од неодамна, салатите на Food bar може да се најдат и низ рафтовите на најголемиот ланец маркети во Косово. Инаку, компанијата постои веќе шеста година под мотото – Кога времето е кусо, со голема посветеност на потрошувачите, анализирајќи ги темелно нивните желби и потреби во делот на здрави и брзи за подготовка рецепти, па од таму се и сите идеи за создавањето и пласирањето на новите производи.

Не заборавајте дека сега имате избор - да заборавите на нередот во кујната, миењето со студена вода, сечкањето, смрзнатите прсти..., и што е најважно, во ова време кога здравјето ни е приоритет на сите – пред вас имате чинија здравје и вистинска витаминска бомба, која на сите ни е неопходна.

Сите производи (освен оние на кои е нагласено) се готови за консумација – со што салатите на Фуд Бар се единствени на пазарот во оваа категорија.
Пр објава
Можеби ќе ве интересира
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство




