16 Декември, 2025
0.0462

Активности на АВМУ за популаризирање на правото за одговор и исправка

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2016 11:41

Добивај вести на Viber

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во изминатиот период, спроведе низа активности насочени кон подигање на јавната свест во врска со користењето на правото на одговор и исправка. Ова право е механизам преку кој граѓаните и правните субјекти можат да ги повикаат на одговорност медиумите во случаите кога тие, случајно или намерно, ќе објават неточна информација или ќе повредат нечии права и интереси.

Со цел на едноставен и популарен јазик да им се објаснат на граѓаните одредбите од Законот за медиуми што го регулираат правото на одговор и исправка, на веб страницата на Агенцијата е поставен банер со наслов „Одговор и исправка-кој, кога, како?“, во кој се посочени можностите и правилата при користење на правото на одговор и исправка. Содржината е достапна на македонскии на албански јазик.

За да стигне информацијата за банерот „Одговор и исправка - кој, кога, како?“ до што поголем дел од јавноста, Агенцијата објави огласи во неколку печатени медиуми и побара од сите телевизии и радија во Република Македонија, како медиуми свесни за својата општествена одговорност и улога во комуникацијата со граѓаните, на сопствените веб страници, да постават банер со линк кој директно ќе води до содржината што веќе се наоѓа на веб страната на Агенцијата, во банерот „Одговор и исправка-кој, кога, како?“.

Ова се последните активности од Планот за популаризирање на правото за одговор и исправка, кои почнаа минатата година. Освен граѓаните и правните субјекти, целна група на активностите беа и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за кои, во март минатата година, беше одржана работилница на која уште еднаш беа потсетени на нивните обврски и права при објавувањето одговор или исправка. Освен ова, за конкретни случаи Агенцијата може да соработува со здруженијата на новинари, саморегулаторното тело за етика во медиумите и со други тела. Планот е дел од пошироката Програма за промоција на медиумска писменост во Република Македонија на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив