05 Декември, 2025
0.0279

АЛТА БАНКА ПОСЕДУВА НАД 93 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА - БИТОЛА: деталите од преземањето објавени на Македонска берза

Објавено во: Финансии 22 Октомври, 2025 11:39

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Битола и официјално преку Македонска берза известува дека преземањето од страна на српската Алта банка е успешно завршено. 

Согласно правилата за котизација, Стопанска Банка АД Битола, известува дека на ден 21.10.2025 година, доби Решение со кое се утврдува за успешна понудата за преземање на акции издадени од Стопанска Банка АД Битола, од страна на Алта Банка АД Белград, Република Србија, издадено од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, бр. УП1 Број 10-69 од 16.10.2025 година.

- Се утврдува за успешна понудата за преземање акции издадени од Стопанска банка АД Битола дадена од Алта Банка АД Белград, Република Србија. Се задолжува преземачот од точка 1 да го објави ова Решение на начин како што е објавена понудата за преземање - се наведува во објавата поставена на веб страната на Македонска берза. 

Во документот објавен на берза се споделени и детали од договорот

Ha 02.O9.2025 година Алта банка АД Белград, Република Србија, преку Комерцијална банка АД Скопје - Дирекција за вршење услуги со хартии од вредност како овластено правно лице за работа со хартии од вредност во согласност со член 20 од Законот за преземање акционерски друштва, до Комисијата за хартии од вреднсот на Република Македонија достави Барање за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво - Стопанска банка АД Битола. 

Со решение од 10.09.2025 Комисијата за хартии од вредност на РСМ на АЛТА Банка АД Белград, одлучи да и издаде дозвола за давање понуда за преземање акции издадени од Стопанска банка АД Битола - се наведува во документот објавен на Берза. 

Во него се сите детали за преземањето, па објавено е и дека на 13 октомври АЛТА Банка претставувана преку адвокатот Александар Кралевски до КХВ доставила Известување за исходот од понудата. 

- Понудата за преземање била прифатена од 262 сопственици на обични акции со право на глас во Стопанска банка АД Битола, кои поседуваат 344.420 акции, што претставува 88,0921 отсто од вкупно издадени обични акции на Стопанска банка Битола. Врз основа на наведенот понудата за преземање е успешна - се потенцира во објавата. 

Воедно во него е посочено дека понудата за преземање или откуп на акциите ја прифатиле и други сопственици со што нивнот број се зголемил на 263 сопственици, и 345.175 обични акции кои ги откупи АЛТА Банка. Со тоа банката поседува 88,2852 проценти од вкупните издадени акции на Стопанска банка Битола. 

Заедно со претходните акции кои ги поседувала АЛТА Банка, сега таа е сопственик на над 93 проценти од издадените акции, или поточно 93,2571 отсто од вкупниот број на акции. 

АЛТА Банка е сопственик на 364.614 обични акции од вкупно 390.977 обични акции издадени од Стопанска банка Битола.


ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА:

ПРЕЗЕМАЊЕТО Е УСПЕШНО: Алта Банка влегува на македонскиот пазар

Има јавна понуда за преземање на акции од Стопанска банка АД Битола, еве ги деталите

КОЈ ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ПОНУДАТА НА АЛТА БАНКА?! Еве ги сопствениците на акции во Стопанска банка Битола


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри

Новогодишните елки поскапени – најмногу барани моделите до 2 метри