Добивај вести на Viber
Градските власти и официјално и дадоа согласност на компанијата “Амадеус Девелопмент ДООЕЛ”- Скопје, за изградба на шпанските скали на плоштадот Македонија. Предлог одлуката во која се овластува градоначалникот на Град Скопје да склучи договор со компанијата, ќе биде презентирана и пред советниците на закажаната седница за следната недела. Во образложението на Градот се посочува дека реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот. Компанијата барањето го Градот го доставила на 17-ти овој месец. Инвеститорот како што се наведува во образложението е должен изградбата да ја изврши на своја сметка, а во име на Град Скопје и по изградбата да го стави во употреба објектот. Основниот проект за надворешните скали е изработен од “ТЕРРАПЛАН-ПАРТНЕРС” ДООЕЛ , од Гостивар во декември 2014 година.
-На Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје за реализација на партерен дел - надворешни скали на дел од плоштад Македонија,му се дава Согласност и право на градење. Имено, заедно со барањето Инвеститорот достави и проектна документација при што градот Скопје утврди дека се во Согласност со ДУП за наведената локација.Реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот, реализација на Деталниот план и негово идентификување,како и атрактривност на просторот. Во рамките на овој проект, Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на изградба на партерен дел – надворешни скали на дел од плоштад Македонија од причини што Инвеститорот ја превзема обврската на своја сметка да ги изгради, се посочува во образложението на Градот Скопје.
Земјиштето комапнијата Амадеус Девелопмент го купи во 2013-та година. Земјиштето се продадено за 1500 евра квадрат, односно за околу 1,6 милиони евра за 1046 квадрати. Аукцијата почна со цена од 100 евра по квадрат, а наддава уште две фирми пријавени на повикот, „Кам“ – ДООЕЛ од Скопје и бугарската компанија „Инфра инженеринг“ .
Најавата за изградба на шпанските скали предизвика бурни реакции кај стручната јавност. Земјиштето на кое ќе се градат надворешните или т.н шпански скали е во деталниот урбанистички план Мал Ринг кој е под општина Центар. Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, во 2013-та година изјави дека изградбата на шпанските скали нема да добие дозвола за градба бидејќи се надвор од маркицата, а инвеститорот без дозволата нема да може да ги гради.
-Сакам да упатам јасна порака до инвеститорот добро да размисли бидејќи, веќе следната недела следува ревизија на Деталниот урбанистички план. Одобренија за градба нема да се издаваат се до конечната ревизија на ДУП-от, за кој, општината цени дека дека не е во согласност со Генералниот урбанистички план и намената на оваа површина е спорна, изјави градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во мај 2013 година.
Истиот период со реакција излезе Министерството за транспорт и врски, од каде изјавија дека почетната цена за отуѓувања на градежно земјиште со цел реализирање на конкретни инвестиции е уредена согласно Уредба за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија донесена од страна на Владата на Република Македонија.
Во сегашната Предлог –одлука од Градот наведуваат дека изградбата е во согласност со измените на ДУП Малр Ринг од 21.12.2012 година. Еве што точно пишува во Предлог-одлуката на Градот Скопје:
Според планот, зградата треба да се гради 6 години,ќе биде висока 16 метри со приземје и три ката. Покрај скалите, од двете страни на главниот влез е предвидено да има две кочии со коњи и дваесетина скулптури околу целиот објект.
Ј.С.