Амбициозен проект: Гугл ќе произведува наночестици кои ќе бараат разни знаци на карцином
Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2014
Гугл најави амбициозен проект со кој че изработуваат наночестици кои ќе се вбризгуваат во крвотокот како би се откриле раните знаци на болеста, пренесува Daily Mail.
Оваа метода би требало да помогне станиците на ракот и знаците на срцеви болести да се дијагностицираат и лечат многу порано. Технологијата ќе се развива во Гугловата Х лабараторија.
Се работи за магнетни наночестици кои ќе бараат и ќе се прицврстат на станиците, протеини и други молекули ќе ги следат знаците на карцином и други болести. Со наночестиците се развиваат и носиви уреди со магнет кој ќе ги привлекува и брои самите честици.
„Секоја истрага поради која досега сте оделе на лекар ќе може да биде направена преку овој состав. Тоа е нашиот сон“, рекол Андреј Конард, шефот на Life Sciences тимот во истражувачката лабараторија на Гугл.
„Во наредните пет години не очекуваат големи предизвици, како технички така и социјални. Научниците треба наночестиците да го обојат со антитело кое препознава и се врзува на протеинот на површината на туморните станици. Уште не знаеме колку наночестици ќе бидат потребни за да поче да функционира оваа работа. Носивиот уред исто така мора да биде мал и ненаметлив, и треба да содржи и батерија која не треба често да се полни“, вели тој додавајќи дека е можно наночестиците на Гугл да бидат во форма на пилули кои ќе се голтаат.
Освен технички предизвици, тука се и социјалните, кои ја вклучуваат приватноста. Фактот дека Гугл го надгледува човечкото тело нон-стоп е подложен на критики кои тврдат дека таа компанија и тоа како има премногу пристап до личните информации.
Но Андреј Конард тврди дека Гугл нема да собира медицинска документација за себе. Наместо тоа, тие информации планира да имги проследи на другите кои ќе се занимаваат со нив и ќе ги штитат.
„Гугловиот Х претставник сака само да ги искористи податоците како би ја направил медицината проактивна“, тврди Конард.
На проектот развој на наночестици работат повеќе од 100 вработени на Гугл, вклучувајќи астрофизичари, хемичари и инжинери по електротехника, а Гигл не сака да открие колку пари ќе потроши на тоа.
„Најмалку пет до седум години ќе му требаат на Гугл за да го одобрат проектот лекарите“, рекол Сем Гамбхир, шефот на радиологија при Медициснкиот центар Станфорд, кој повеќе од година дена го советува др.Конард.