15 Јануари, 2025
0.0281

АМЕРИТ: Долгите редици на границите се поради технички и инфраструктурни недостатоци

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Извршниот одбор и раководството на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, поддржано од своите членки, транспортни оператори, на својата 6. седница на дневен ред, меѓу другите актуелни прашања, го разгледа и прашањето за наводната отежната процедура на слободен проток на стоки на границите на Република Македонија.

Вчера, 28.06.2015г. беше објавена информација во медиумите дека има долги редици на границите поради неажурност на институциите, односно премногу документација и формалности што треба да се завршат.

Како најголема и најстара Асоцијација, која ги застапува и штити интетерсите на транспортните фирми во Македонија, информираat за ставот на Извршниот одбор, по направените консултаци со транспортерите - членки, дека причините за долгите редици не се поради работата на службите на граничните премини, бидејќи нема гужви при влез во Македонија, туку само на излез, каде гужвата е наметната од другата страна поради технички и инфраструктурни недостатоци.

Имено,  велат дека Царинска управа интензивно работи на утврдување на можноста за воведување на концептот на заеднички контроли со соседните земји на повеќе гранични премини.

“Со заеднички контроли значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства. Имајќи ја предвид околноста дека веќе неколку години на граничниот премин Прешево српската Царина нема терминал и работи на отворено, Царинската управа иницираше пред Владата на Република Македонија склучување на спогодба со Република Србија за воведување на заеднички царински контроли на граничниот премин Табановце – Прешево што ќе придонесе во процесот на постојани реформи на царинското работење и значително ќе влијае на осовременување на работењето, притоа обезбедувајќи нови поволности за економските оператори кои се корисници на услугите на Царинската управа“, велат од Асоцијацијата.

Како доказ за ефикасно и транспарентно работење на Царнската управа на Република Македонија е и пристапувањето кон Конвенцијата за заендичка транзитна постапка, со што ќе почне да се применува заедничка транзитна постапка со земјите членки на Европската Унија, ЕФТА и Турција.

АМЕРИТ, во соработка со српската транспортна асоцијација CCIS-ATT и царинските управи на двете земји одржуваат средби за решавање на проблемите со кои се соочуваат транспортерите на границите, побрза постапка и побрз транзит.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира