АМСМ: Поради обилните врнежи во прекин е сообраќајот на обиколницата
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Поради обилните врнежи и надојдената вода во прекин е сообраќајот на обиколницата, стои во извештајот на АМСМ.
„На 6/7 август 2016 година поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, од 20 часот во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата“ - стои во извештајот од АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Поради зголемената фреквенција на граничните премини можни се задржувања до 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Силно невреме синоќа го зафати главниот град и имаше поплавени домови, откорнати дрвја, заглавени автомобили во сообраќајот.