АНКЕТА: Зошто матурантите сакаат да студираат?
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2015
Веб сајтот Факултети.мк во изминатиoт период направи анкета во која сакаа да дознаеме нешто повеќе за идните матуранти. Зошто средношколците, односно матурантите, сакаат да се запишат на факултет и кои се нивните планови во врска со студирањето.
Анкетата се состоеше со повеќе прашања поврзани со запишувањето факултет и студирањето и на неа одговорија 446 идни студенти во период од 27-ми март до 26-мај.
Резултатите покажаа:
Зошто тие сакаат да студираат?
1.За да се здобијам со повеќе знаење во областа што ме интересира; 2. Со диплома имам повеќе можности во странство; 3. Моето семејство го очекува тоа од мене; 4. Со диплома полесно е да се најде работа; 5. Не знам што друго би правел/а после средното образование; 6. Не сакам да се вработам веднаш, подобро е да студирам.
Според резултатите од анкетата, најголем дел од идните студенти се запишуваат на факултет за знаењето (34%). Потоа, голем број студенти сметаат дека дипломата полесно ќе им донесе вработување (27%), а значаен дел од нив го прават тоа поради семејството (18%).
Броевите се разликуваат многу во однос на одговорите на истото прашање од страна на матурантите пред две години. Имено, тогаш дури 80% од идните студенти сакале да студираат за да се здобијат со повеќе знаење во областа што ги интересира.
Голем дел од матурантите веќе знаат каде ќе го продолжат своето образование, а дел од нив знаат и на кој факултет. Ова го дознаваме од резултатите од анкетата. На прашањето „Дали сте одлучиле што сакате да студирате?“, студентите требаше да одговараат:
1. Да, се одлучив; 2. Се двоумам помеѓу две или три области; 3. Се уште немам идеја.
Како што гледаме, матурантите се поделени. Малку повеќе идни студенти веќе знаат што сакаат да студираат (48%), а најмал број сè уште немаат ниту идеја за насоката на која би се запишале. Забележуваме разлики во однос на резултатите од истата анкета направена пред две години, кога дури 77% од идните студенти знаеле што ќе студираат во истиот период од годината.
Во моментов, дел од студентите веќе знаат што ќе студираат. Како стигнале до таа одлука? Дознаваме од резултатите од анкетата. Во неа учествуваа речиси 500 идни студенти од земјава. Тие беа прашани како се одлучиле што да студираат:
1. Ги следев своите интереси; 2. Проценив што може да биде најисплатливо; 3. Таму каде што ќе биде поголемиот дел од друштвото; 4. Моменталната финансиска состојба беше главниот фактор; 5. Одлуката ја донесов на друг начин. Како?
Гледаме дека најголем дел од студентите ги следеле сопствените интереси во изборот на факултетот (60%), а голем дел од нив (30%) се запишуваат на одреден смер поради исплатливоста.
„Се двоумев помеѓу две области што ме интересираат и конечната одлука ја донесов според тоа што ми е поисплатливо.“
„Проценив што од она што ме интересира ми е најисплатливо.“
Понекогаш, надворешните услови може да ги спречат младите да ги следат своите сништа. Така, во земјава, најголем проблем прават финансиските проблеми. Поточно, матурантите би студирале нешто што не сакаат поради финансиската состојба. Тоа го изјавиле значаен број од студентите кои учествуваа во нашата анкета за идни студенти.
Под кои услови би се согласил/а да стурираш нешто што не сакаш?
1. Поради финансиската состојба; 2. Ако ме примораат родителите на тоа; 3. Ако има подобро друштво на тој факултет; 4. Доколку значи тоа дека не мора да го напуштам родниот град; 5. Во никој случај; 6. Не сум размислувал/а за тоа.
47% од испитаниците не размислувале за тоа, 23% од нив не би го сториле тоа во никој случај, 21% би студирале нешто што не го сакаат поради финансиската состојба, 5% поради родителите, 2% доколку тоа значи дека не мора да го напуштат родниот град, а 1% поради подобро друштво.
Голем дел од матурантите секоја година ги напуштаат своите домови за да студираат. Тоа нема да биде променето ниту оваа година. Ги прашавме идните студенти дали ќе планираат да се запишат на факултет во градот во кој живеат.
„1. Да; 2. Не, овде го нема факултетот на кој што планирам да се запишам; 3. Не, иако во мојот град има факултет. Зошто не?; 4. Ќе студирам надвор од државата; 5. Се уште не сум сигурен/на.
47% од испитаниците не размислувале за тоа, 23% од нив не би го сториле тоа во никој случај, 21% би студирале нешто што не го сакаат поради финансиската состојба, 5% поради родителите, 2% доколку тоа значи дека не мора да го напуштат родниот град, а 1% поради подобро друштво.
Голем дел од матурантите секоја година ги напуштаат своите домови за да студираат. Тоа нема да биде променето ниту оваа година. Ги прашавме идните студенти дали ќе планираат да се запишат на факултет во градот во кој живеат.
„1. Да; 2. Не, овде го нема факултетот на кој што планирам да се запишам; 3. Не, иако во мојот град има факултет. Зошто не?; 4. Ќе студирам надвор од државата; 5. Се уште не сум сигурен/на.
92% од нив ќе се запишат на факултет, 4% на висока школа, 2% ќе пробаат на факултет, па ако не успеат ќе се запишат на висока школа, а 2% се уште не знаат.
Кога станува збор за изборот на универзитетот, поточно приватен или државен, студентите одговараа:
„Дали планирате да се запишете на приватен или државен универзитет?
1. Државен; 2. Приватен; 3. Ќе се обидам на државен, па ако не успеам ќе се запишам на приватен; 4. Ќе се обидам на приватен, па ако не успеам ќе се запишам на државен.“
Најголем дел од нив, дури 83%, ќе се запишат на државен универзитет, а 6% на приватен. 9% ќе се обидат на државен, па доколку не успеат ќе се запишат на приватен, а 2% ќе се обидат на приватен, па доколку не успеат ќе се запишат на државен универзитет.
Што им е важно на матурантите при изборот на факултетот? На анкетата на која одговорија 446 студенти од земјава идните студенти откриваат дека им се важни професионалните наставни кадри, стекнувањето практични знаења, а најмногу можностите за вработување со дипломата. Следуваат резултатите.
Светло сино - Многу ми е важно Портокалово - Важно ми е Сиво - Не ми е важно Жолто - Воопшто не ми е важно Темно сино - Не сум размислувал/а за тоа
Професионални наставни кадри
Можности за вработување со дипломата
Стекнување на практични знаења