Антикорупциска комисија ќе ја испитува државната помош за ТЕ-ТО
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2019 07:02
Антикорупциската комисија ќе го испитува случајот со доделената државна помош за ТЕ-ТО, потврдија од комисијата за Фактор. Велат дека нема да го отвораат предметот сами, туку по доставени документи од акционери од Топлификација со кои веќе разговарале.
Владата одлучи да му даде на ТЕ-ТО државна помош во форма на одложување на даночниот долг кон Управата за јавни приходи во време кога за таа компанија се води истрага во Основното јавно обвинителство против директорот, нотар и стечаен судија за злоупотреба на службена положба и за лажен стечај.
Во јуни годинава пријавите до Обвинителството ги достави Управата за финансиска полиција, а освен за злоупотреба на службената положба и за лажен стечај беа поднесени пријави и за перење пари. Од Обвинителството за Фактор вчера потврдија дека пријавите за перењето пари се отфрлени. Така по предметот нема да постапува Обвинителството за организиран криминал.
„По пат на меѓународна правна помош се доставени побараните информации и истите беа предмет на анализа при што надлежниот обвинител утврди дека нема елементи за сторено кривично дело -перење пари за кое е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Предметот во останатиот дел од кривичната пријава каде три лица се осомничени дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, а едно од нив, како и правното лице се пријавени и за кривично дело – Лажен стечај од член 254 од Кривичниот законик е доставен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Скопје, стои во одговорот од Обвинителството.
Ниту од Управата за јавни приходи, ниту од Владата и покрај нашето барање не го даваат на увид на јавноста договорот за доделување државна помош.
За случајот реакција имаа и акционерите на Топлификација кои, дека се оштетени со стечајот потврди и Финансиската полиција со пријавите во јуни. Тие доставија писмо до републичкиот јавен обвинител и до Владата со кои прашуваат како може истрагата да тапка во место, но и кој се е вмешан во случајот.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата
Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“
СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило
Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година




